Сигурно често имате проблем со хранењето на вашите малечки. Многу родители најголем успех постигнуваат кога ќе направат споредба со некој од цртаните филмови. Еве ви предлог, „ќе бидеш силен Попај морнарот ако го испиеш овој шејк кој има многу витамини и минерали потребни за правилен раст и развој“.
Потребни состојки :
– 200 мл сок од портокал
– 100 мл сок од ананас
– 100 мл јогурт
– 1 исечкана банана
– 450 грама свежи листови спанаќ
Начин на подготовка:
Ставете ги сите потребни состојки за шејкот „Попај“ во блендер и почекајте тие добро да се измешаат. Веднаш послужете, а останатиот шејк можете да го ставите во фрижидер и да го послужите подоцна.