Деформитети на ’рбетот

Сколиоза и кифоза

Сколиозата и кифозата се искривувања на ’рбетот. Покрај тоа што најчесто ги напаѓаат младите тинејџери, овие деформитети се честа појава и кај малите деца и возрасните. Кај повеќето пациенти овие деформитети не прогресираат, но, сепак, постои мал процент на луѓе кај кои овие деформитети континуирано се влошуваат со текот на времето. Искривувањата предизвикуваат козметички и функционален проблем , а понекогаш проследен со силни болки. Од друга страна, постојат и искривувања за кои е потребен хируршки третман. Целта на третманот на овие деформитети е да се спречи прогресијата на искривувањето, да се нормализира ’рбетната функција и да се намали болката (доколку постои).

Што ги предизвикува сколиозата и кифозата?

Во најмногу случаи причината за овие деформитети не е позната. Се смета дека тие се предизвикани од комбинација на фактори меѓу кои абнормално развивање на коските, меки лигаменти или слаби мускули или, пак, проблеми со функцијата на рамнотежата. Симптомите кои најчесто се забележуваат се следниве:

–          Несиметрични рамења и слабински бразди
–          Испакнување на едната или двете плешки
–          Спуштено рамо и карлица
–          Грпка на едната страна на грбот

Опции за третман

Нехируршки третман

Методот на лекување сколиоза и кифоза зависи од возраста, периодот на раст, степенот на искривувањето, болката,  функционалната лимитираност и изгледот на ’рбетот. Корсетите можат да помогнат во процесот на спречување на прогресијата на искривувањето за време на растењето.

Хирургија

За деформитетите на ’рбетот кои се блиску до или над 45 степени придружени со болка и нарушување на функционалноста можно е да биде потребна хируршка интервенција. Целта на оваа операција е да се стабилизира и исправи ’рбетот. Хирургот ги фузира коските на ’рбетот (прешлените) со помош на коскени графтови и метални импланти.

Во одредени случаи, хирурзите применуваат малку инванзивни техники во хируршкиот третман за стабилизирање на ’рбетот. Со помош на тенкиот инструмент наречен ендоскоп, тие ги вметнуваат металните импланти и коскените графтови во ’рбетот низ мали дупчиња во абдоменот и градите. Со овој пристап инцизијата е помала, заздравувањето е побрзо и пациентите можат да ја напуштат болницата порано.

Носењето корсет по хируршкиот третман најчесто не е потребно бидејќи самата интервенција го зајакнува и зацврснува ’рбетот. Потоа, пациентите брзо заздравуваат.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!