Неколку прашања и одговори за проблемите со вашиот изглед

Зошто имам споени веѓи?

Кај некои девојчиња се јавуваат влакна меѓу веѓите. Феноменот „залутани влакна“ на лицето не е опасен и најчесто е наследен.

Кубењето на овие влакна може да помогне за подобар изглед во наредните неколку дена или недели. За влакната околу усните и оние на брадата се користи депилаторска крема за лице. Ласерското отстранување на овие влакна е трајно решение.

Зошто имам споени веѓи?

Кај некои девојчиња се јавуваат влакна меѓу веѓите. Феноменот „залутани влакна“ на лицето не е опасен и најчесто е наследен.

Кубењето на овие влакна може да помогне за подобар изглед во наредните неколку дена или недели. За влакната околу усните и оние на брадата се користи депилаторска крема за лице. Ласерското отстранување на овие влакна е трајно решение.

Постои ли средство кое може да го отстрани целулитот?

Едно штипење ќе ги покаже дупчиња на кожата речиси кај секоја жена. Целулитот е нормален масен слој под кожата. Вежбањето и зацврстувањето на мускулите ќе го направи овој слој помалку видлив. Целулитот помалку се познава на темна кожа. Постојат и антицелулитни креми кои долгорочно нема да го решат овој проблем. Сепак, козметичките салони нудат многу козметички третмани кои краткорочно го ублажуваат проблемот.

Зошто често црвенеам?

Многу луѓе црвенеат, особено кога се чувствуваат засрамено. Но, кога црвенилото се јавува зачестено на вашите образи, челото и подбрадокот, тогаш би можело да се работи за розацеа. Доколку се соочувате со ваков проблем, најдобро е да посетите дерматолог. Постојат креми и лекови кои ќе ви помогнат.

Заштитувајте се од сонцето бидејќи тоа е главен предизвикувач на розацеата. Во поретки случаи црвенилото се јавува како резултат на забрзано срцебиење и анкциозни нарушувања. Доколку оваа состојба ви го загрозува социјалниот живот, разговарајте со доктор.

Мислам дека сум многу млада за да ми побелува косата?

Доколку имате помалку од 40 години и ви побелува повеќе од пола коса, тоа значи дека „побелувате“ помлади отколку што треба. Во многу ретки случаи ова може да биде резултат на проблеми со тироидната жлезда или пигментски нарушувања. Најчесто за оваа состојба треба да им речете „благодарам“ на вашите родители. Најлесен начин да го решите овој проблем е да ја обоите вашата коса. Но, доколку сакате да ги истакнете вашите сиви перчиња, постојат шампони кои не им дозволуваат да пожолтат. Прераното побелување на косата не значи дека порано стареете.

Зошто имам стрии?

Кога кожата се истегнува во текот на бременоста, дебелеењето или нормалниот раст на децата во текот на тинејџерските години можат да се појават стрии. Тие изгледаат како лузни, на почетокот се црвени и виолетови, а потоа добиваат изразено бела боја. Најчесто се појавуваат на стомакот, колковите, бутовите, градите и долниот дел на грбот. Хемискиот пилинг и ласерската хирургија можат да помогнат во отстранувањето на стриите, но не и разните лосиони и креми.

Зошто имам непријатна миризба во устата?

Ги миете забите двапати во денот и еднаш ги чистите со конец за заби, а лошиот мирис од устата никако да исчезне. Виновници можат да бидат воспаленијата на непцата, желудочните киселини, сувата уста, па дури и синусните инфекции. Но, сепак, најчесто лошиот начин на исхрана е најголемиот причинител за оваа состојба. Пастата за заби не може да ја отстрани миризбата од лук и кромид во устата. Потрудете се да ги избегнете овие јадења, доколку повторно осетите лош мирис, обратете се кај вашиот стоматолог.

Што ми ги прави забите потемни?

Доколку често пиете кафе, чај или црвено вино, го имате одговорот. Пушењето и некои лекови, исто така, можат да ги обојат забите. Првиот чекор да ги избелите вашите заби е редовно да ги миете и да користите конец. Исто така, можат да помогнат и системите за белење на забите кои можете да ги најдете речиси во секоја аптека.

Зошто премногу се потам?

Потта го лади нашето тело и не му дозволува да прегрее. Доколку се потите и кога мирно седите во прилично ладна просторија, поразговарајте со доктор, тој ќе ја открие причината. Една од причините може да биде хиперхидроза. Ова не е опасна, туку повеќе досадна состојба и може да предизвика „базени“ под пазувите, дланките и стапалата. Антиперспирантите, таблетите, па  и ботоксот можат да бидат добро решение. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!