Неколку совети за „подвижно“ семејство

Дајте му важност на фитнесот и направете на сите да им биде возбудлив. Никој нема ни да знае дека се работи за вежба.

На децата и возрасните потребна им е физичката активност. Всушност, возрасните треба да вежбаат 150 минути неделно, а уште повеќе доколку сакаат да загубат некој килограм. Од друга страна, децата треба да бидат активни повеќе од 1 час дневно. Еве неколку совети за поголема семејна „подвижност“.

Бидете добар пример. Кога вие сте активни, вашето семејство ќе ги следи вашите чекори.

Исклучете го телевизорот. Ограничете го гледањето телевизија на 2 часа во текот на денот.

Започнете здрава семејна традиција. Нека ви биде навика секоја вечер по вечерата да направите мала прошетка.

Подарувајте подароци поврзани со спорт. За роденден подарувајте си подароци кои ќе им помогнат славениците да бидат активни од типот на тениски рекети, јажиња за скокање, топки итн.

Играјте си во калта. Доколку живеете во куќа, направете си градина во дворот и замолете го целото семејство да ви помага околу одржувањето.

Пронајдете ја омилената семејна игра. Во вечерите играјте миженка, школка или каква било игра која бара физичка активност.

Означете ги дневните часови за активност. На фрижидерот залепете листа на активности кои треба да ги направите во одреден период од денот и напишете листа на мали награди за постигнатите резултати.

Дајте им на децата да си ја одберат омилената игра. Во викендите дозволете им на децата да ја одберат играта која најмногу ја сакаат.

Запомнете! Секогаш играјте безбедно. Секогаш користете ја соодветната безбедносна опрема, од типот на кацига за возење велосипед, штитници за возење ролерки, костобрани за фудбал.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!