Високиот холестерол предизвикува стеснување и стврднување на артериите, состојба која се нарекува атеросклероза. Оваа состојба прогресира бавно и најчесто без рани симптоми. Но, може да доведе до многу компликации вклучувајќи срцев удар и мозочен удар.
Вишокот (LDL) лош холестерол може бавно да се наталожи на ѕидовите на артериите. Потоа, во комбинација со триглицеридите, остатоците од калциумот, остатоците од губитокот на клетките и фибринот формираат плак. Овие плакови ги стеснуваат и стврднуваат крвните садови.
Компликациите од атеросклерозата вклучуваат:
Болка во градите
Стеснатите крвни садови не му дозволуваат на срцето да се снабди со крв богата со кислород. Тоа ја предизвикува оваа болка.
Хронична болка во бубрезите
Доколку наслагите се формираат во артериите во бубрезите, тогаш органите ќе ја загубат способноста ефективно да го отстрануваат вишокот вода од вашето тело.
Периферно артериско заболување
Доколку плакот се формира во главните артерии кои ги снабдуваат со крв екстремитетите, најчесто нозете, може да предизвикаат грчеви, вкочанетост и слабост.
Срцев удар
Во ситуација плакот да оштети некоја артерија, може да се формира тромб, кој може да го стопира дотокот на крв до срцето. Доколку блокадата трае доволно долго за да го оштети мускулот, тогаш станува збор за срцев удар.
Мозочен удар
Доколку се формира тромб во артерија во мозокот или, пак, артерија која води до мозокот или, пак, доколку тромбот патува од срцето кон мозокот, тогаш може да се случи мозочен удар.
Најдобар начин да се справувате со високиот холестерол и да се заштитите од артериосклероза е да имате здрав и квалитетен животен стил. Избегнувајте ги ризик факторите, не пушете, јадете здрава храна и вежбајте доволно.
Исто така, важно е редовно да го проверувате нивото на холестеролот. Некои луѓе со атеросклероза немаат никакви симптоми и знаци, па првата индикација е срцев удар или мозочен удар.
Доколку ви биде дијагностицирана артериосклероза или висок крвен притисок или и двете заедно, постојат лекови кои можат да помогнат. Разговарајте со вашиот доктор во врска со можните ризик фактори и опции за третман.