Доколку некогаш сте имале запек, знаете за колку незгодна состојба се работи. Иако лаксативите краткорочно можат да помогнат, менувањето на некои животни навики можат да го реши овој проблем засекогаш. Набројуваме неколку навики кои треба да ги искорените со цел да го подобрите вашето дигестивно здравје.
Неактивноста и запекот
Доколку не сте доволно активни и не вежбате, не само што ќе ја зголемите телесната тежина туку ќе влијаете и врз варењето на храната. Пасивниот и седечки начин на живот е работа која многу треба да ве загрижува. Сè уште не е прецизно докажано зошто, но гастроентерохепатолозите велат дека неактивноста предизвикува запек.
Најдобрата работа која можете да ја направите за вашите црева е кога ќе се разбудите да појадувате обемен и здрав појадок и да повежбате неколку кратки и лесни вежби. Не треба многу да се оптоварувате со тешки вежби, дури најмала активност е потребна за да го подобрите дигестивното здравје.
Намален внес на диетални влакна
Диеталните влакна се содржат во зеленчуците. Иако телото не е способно да ги вари овие влакна, тие играат голема улога во доброто варење на храната. Тие поминуваат низ вашите дигестивни патишта и помагаат во формирањето на столицата. Кога не внесувате доволна количина диетални влакна, вашата столица може да биде мала, сува и тврда.
Сè што можете да направите е да внесувате што е можно повеќе овошје и зеленчук. Секогаш одбирајте леб од цело зрно и житарици. Најмалку два оброка во неделата треба да содржат грав или боранија. Често пијте вода, на тој начин ќе ги спречите подуеноста и гасовите.
Повеќе течности
Кога сте дехидрирани вашето тело има недостиг на течности и не може да ја одржува мекоста на столицата. Можете да бидете дехидрирани и воопшто да не сте свесни за тоа, особено во летниот период.
Избегнувајте брза храна
Оваа храна во неа не содржи диетални влакна и хранливи состојки туку многу масти и шеќери. Сите овие масти можат да предизвикаат потешкотии во варењето на храната.
Никој не вели дека треба да се откажете од вашата омилена храна. На пример, доколку сте љубител на пица, наместо да нарачате од пицерија, направете ја самите. Купете здрави намирници од супермаркет и пицата наполнете ја со нискомасен кашкавал и безброј зеленчуци.
Често користење лаксативи
Честото користење стимулирачки лаксативи може да доведе до зависност. Доколку ги употребувате лаксативите секојдневно, дебелото црево може да ја загуби својата способност да ги придвижува работите кои се во него. Прекумерната употреба на лаксативи може да доведе до целосен запек кој многу тешко би можел да се излекува.
Задржувањето може да предизвика запек
Се срамите да го посетите тоалетот на работното место, „ви се гади“ од јавните тоалети. Не сте единствени. Многумина најпрвин би оделе до својот дом за да се испразнат, игнорирајќи го фактот дека задржувањето е многу лошо за дигестивното здравје. Оваа состојба може да предизвика многу несакани ефекти. Затоа, најдобро е да го слушате природниот сигнал.