За жал, многу луѓе за остеопорозата дознаваат откако ќе ја добијат првата фрактура на коските.
Остеопорозата е состојба која се карактеризира со намалување на густината на коскената маса. Ова доведува до намалување на цврстината на коските и појава на скршеници. Како што таа се развива, густината на коските се намалува и тие изгледаат како сунѓер. Бројот на заболени од оваа болест на светско ниво секојдневно се зголемува, па затоа неопходна е превенција.
1. Остеопорозата не се појавува кај мажите
Мит : Иако остеопорозата е петпати почеста кај жените, 20-25% од мажите ќе добијат фрактура на коските во текот на својот живот поради остеопороза или намалена коскена густина. Обично се вели дека остепорозата е многу почеста кај жените на возраст од 50 години и е придружен ефект од менопаузата, додека мажите развиваат остеопороза нешто подоцна, на возраст од околу 65 години.
2. Не можете да ги забележите симптомите на болеста ?
Вистина: Остеопорозата може да биде тивка болест. Таа обично не доаѓа со болка или други симптоми. Дури може да се случи и фрактурата да биде безболна. Скршената нога и колк секако ќе ги забележите, но скршениот или напукнат прешлен може да се појави без болка. Оваа болест уште се нарекува и „тивок убиец“. Бидејќи оваа подмолна болест нема значителни симптоми, сè додека не се појави скршеницата, пациентите не разговараат за оваа состојба со своите доктори. Дијагнозата се поставува лесно, со помош на DEXA скенирање – едноставен тест кој ја мери густината на коските. Затоа по менопаузата се препорачува овој преглед да се прави еднаш на две години, додека мажите не треба да го прават овој преглед многу често, но никако не смеат да го заборават.
3. Остеопорозата е дел од процесот на стареење
Мит: Навистина староста е еден од ризик факторите. Поголем дел од возрасните луѓе ќе ја загубат густината на коскената маса, но тоа не значи дека имаа остеопороза. Други фактори кои имаат значајна улога во појавувањето на оваа болест се семејната историја, недостигот на витамин Д, честото внесување на кофеин, пушењето, недоволната физичка активност.
4. Не треба да размислувате за остеопорозата кога сте млади
Мит: Редовната физичка активност и здравата исхрана можат да ви помогнат да го намалите ризикот од појава на остеопороза. Со консумирање многу овошје и зеленчук кои изобилуваат со витамини можете да го спречите губењето на коскената маса. На пример, калциумот и витаминот Д играат главна улога во здравјето на коските. Ако овие важни состојки не ги внесувате преку вашата исхрана или со изложување на сончева светлина, консултирајте се со вашиот доктор за дополнување.
5. Можете повторно да ја вратите густината на коскената маса
Вистина: Дури и ако веќе имате дијагностицирана остеопороза, можете повторно да ја вратите густината на коските. Вежбањето само по себе ќе го направи тоа, внесот на калциум и витаминот Д исто така. Најдобар начин да го решите овој проблем е преку комбинација на спорт, витамини и исхрана со дополнителни лекови. Тука спаѓаат традиционалните лекови, како што се бифосфонати.
Совет
Не ја игнорирајте остеопорозата. Колку повеќе знаете за оваа болест, толку повеќе чекори ќе преземете за да ја спречите нејзината појава.