Последните истражувања потврдуваат дека во светот бројот на пациенти со различни форми на епилепсија изнесува околу 60 милиони. Епилепсијата е универзална болест, постои во секоја земја и од неа може да заболи секој човек. Иако во минатото ова беше болест карактеристична само за возрасните луѓе, денеска границата е значително спуштена. Нејзината појава зависи од возраста, полот, расата, социјалните и географските фактори,развиени или неразвиени земји. Сè за класификацијата на болеста, епилептичните напади, како и дијагнозата и третманот на епилепсиите одговор ни даде специјалистот по неврологија д-р Татјана Чепреганова-Чанговска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.