Радиотерапија (терапија со јонизирачки зраци)

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники на зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво.

Кај пациентите со примарни и секундарни тумори на `рбетниот столб и `рбетен мозок радиотерапијата се применува најчесто пред и по оперативната интервенција со цел да се добијат посакуваните резултати во третманот на пациентот.

Што е радиотерапија?

Радиотерапијата е дефинирана како лекување на канцерозно ткиво или на некои немалигни тумори со помош на зрачење. Во јавноста е позната како радиолошка терапија или терапија со јонизирачки зраци. Зраците користени во радиотерапијата имаат цел да го спречат растењето на канцерозните клетки или да ги уништат истите. По дијагностицирање на канцер, 60-80 проценти од пациентите со канцер имаат потреба од радиотерапија. Пациентите кои се изложени на оваа терапија се безбедни за околината и можат да продолжат со нормални секојдневни активности.

Како се одредува методот на лекување?

Повеќе фактори влијаат на одредувањето на третман (хируршки, радиотерапија или хемотерапија). Главните фактори се: хистолошкиот тип на туморот, стадиумот, локализацијата на малигното заболување, како и возраста на пациентот и неговата општасостојба. Одлуките за третманот се донесуваат по процена од страна на лекари од разни области и секој пациент се оценува посебно.

Како влијае радиотерапијата врз пациентот?

Радиотерапијата претставува локален третман и е неинванзивна метода на лекување. Високата доза на зрачење применета во текот на сесиите со радиотерапија ги уништува клетките или го спречува нивното размножување. Бидејќи клетките на туморот се делат побргу од нормалните, радиотерапијата ги уништува повеќето од овие клетки. Иако и нормалните клетки се под дејство на зрачење, може да заздрават во краток временски период како резултат на нивната помала осетливост и посебни механизми на регенерација, кои не се својствени за канцерозните клетки. Од друга страна, бројот на нормални клетки што го опкружуваат третираниот регион е милион пати поголем од бројот на канцерозни клетки. За да се заштитат нормалните клетки, вкупната доза на зрачење е поделена во помали дози кои се даваат дневно во специфичен временски период. Освен тоа, лекарите вложуваат напор да го заштитат здравото ткиво и да го насочат зрачењето кон заболениот регион.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со моќниот TRILOGY апарат за радиотерапија

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, радиотерапијата се применува со најсовремениот апарат TRILOGY кој овозможува брз и ефикасен третман на туморот. TRILOGY апаратот овозможува високата доза на зрачење да биде целосно насочена кон целниот тумор, со што се заштитени околните здрави ткива и органи. Намалувањето на дозата во здравите ткива и органи е значајно за заштита на нивната функција и одржувањето на квалитетот на живот по завршување на радиотерапискиот третман. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!