Болка во дојките

Болката во дојките (масталгија) е еден од најчестите проблеми кај жените. Две недели пред менструалниот циклус покрај болката често се јавува и отекување и осетливост во дојките. Овие промени се намалуваат и исчезнуваат со почетокот на менструацијата. Болките во дојките кои не се поврзани со менструалниот циклус се резултат на претходна операција на дојките, болка која доаѓа од градната коска и вратните мускули, хормонални промени, психолошки причини, конзумирање кофеин и недостиг на некои важни масни киселини во исхраната.

Хормоналните, како и лековите за остеопороза (губење на коскената густина во период по климактериум) кај жените може да предизвикаат болка во дојките. Таа ретко е симптом за карцином на дојка. Кај само 3% од пациентите кои имале болки во дојките е откриен карцином. Како дополнување, само 5% од пациентите со карцином на дојка имаат болки во дојките. Во повеќето случаи, болката и појавата на грутки во дојките се последица на бенигни цисти кои брзо растат. Секрецијата на течноста ја намалува болката на пациентите.

По испитувањата, според возраста на пациентката и добиениот резултат „нема абнормални наоди“ е голема утеха што ја намалува болката. Психологијата на пациентот е од клучно значење за масталгија. Ограничувањето на внесот на кафе, чај или користење витамин Е за намалување на болката сèуште не е докажано дека има влијание врз болката. Доколку болката не е поврзана со менструалниот циклус и докторот смета дека болката е резултат на друга причина, може да препише хормонска терапија. Сепак, овие лекови кои имаат сериозни несакани ефекти ретко се користат. Наместо нив, со цел да се заменат потребните масни киселини, се препорачуваат таблети со масло од јаглика, додатоци со рибино масло или внесување ленено семе во храната (на пример додадено во јогурт). За силна болка се препорачуваат аналгетици.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!