Детската парализа

Детска парализа е многу заразна вирусна инфекција која може да доведе до парализа на телото, проблеми со дишењето, па дури и до смрт. Како и многу други заразни болести има тенденција да ги нападне најранливите членови на популацијата. Во оваа група спаѓаат децата, бремени жени и оние со ослабен имунолошкиот систем. Секој кој навремено не бил вакциниран против детска парализа е особено подложен на заразување со инфекцијата.

Детска парализа доведува до симптоми кои наликуваат на грип и траат неколку дена или недели, како што се треска, болки во грлото, главоболка, повраќање, замор, болки во грбот и вратот, вкочанетост во екстремитетите, болки во мускулите, грчеви и менингитис.

Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Во Македонија полио вакцината се прима во текот на првата година. Таа се дава со лажиче по 2 капки и потребно е да се прими на растојание од 42 дена. Вакцината се дава во 2, 3 и 5 месец, а ревакцините се прават на 18 месеци, 7 и 14 години.

Откако полио вакцините беа воведени во 1955 година, случаите на детска парализа низ светот опаднаа. Глобалната имунизација била толку успешна што оваа болест речиси се искоренила. Меѓутоа во три земји – Авганистан, Нигерија и Пакистан – детската парализа никогаш не била избришана, а случаи на детска парализа биле пријавени и во Сирија. Детската парализа во далечните земји можеби не изгледа како глобална загриженост, но додека таа е присутна, епидемијата е сеуште ризична. Експертите предвидуваат луѓето можат несовесно да го однесат вирусот во делови на Европа. Затоа, за заштита од оваа болест се препорачува полио-вакцината која е задолжителна и штити за целиот живот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!