Воспалителни болести на дојка

Воспалителните болести на дојката (маститис) се појавуваат кај жени на возраст од 18 до 50 години. Доколку пациентот има апсцес (загнојување), тоа треба веднаш да се исцеди хируршки. Кога лекувањето со антибиотик нема влијание врз инфекцијата, неопходна е биопсија за да се исклучи можноста од појава на карцином.

Воспаление на дојка

Маститис при лактација: 3-20% од доилките добиваат маститис со лактација, најчесто во првата недела по раѓањето. Распукувањето, раните и лупењето на ареолата проследено со недоволна хигиена предизвикуваат размножување на микроби. Доколу ова не се лекува со антибиотици, 1/3 од овие случаи може да преминат во маститис. Антибиотиците ја намалуваат оваа стапка за 5%. Доењето или измолзувањето на млекото од дојките со помош на пумпа го намалува апсцесот. Доколку воспалението не се третира на време, може да се појави сепса. Доилките може да пијат пеницилин или доколку се алергични на пеницилин, може да пијат антибиотици како цефалоспорин, кларитромицин и еритромицин. Исцедувањето на апсцесот овозможува доењето да продолжи и помага во намалување на воспалението. Доколку се прекине млекото во дојките, се влошува воспалението. Затоа вишокот млеко од дојките мора да се исцедува рачно или со пумпа.

Перидуктален маститис (Маститис кој се појавува без доење): Ова воспаление започнува во брадавицата и се развива околу млечните канали. Најчесто кај 90% се поврзува со пушењето и се појавува кај младите мајки околу 35 години. Се смета дека пушењето ги оштетува ретроареоларните млечни канали и ги прави склони кон воспаление. На почетокот се забележува само еритем во близина на ареолат, како и отекување. Користењето антибиотици може да ги намали овие симптоми. Доколку апсцесот се открие преку ултразвук, потребно е исцедување на истиот. По исцедувањето, ретроареоларните млечни канали може да се отстранат хируршки само кај пациенти со повторлив апсцес, заради големиот ризик од повторување на загнојувањето. Кај дијабетичарите, пациентите со хронично бубрежно заболување, оние кои примаат хемотерапија или имаат репресивен имунолошки систем, периферниот нелактациски маститис може да прерасне во форма на апсцес во деловите на ареолата. Во таков случај, апсцесот повторно треба да се исцеди и пациентот треба да прима антибиотици. Во зависност од возраста на пациентот и наодите од испитувањата, доколку докторот се сомнева во карцином, неопходна е биопсија на апсцес или на воспаленитe лезии.

Грануломатозен маститис: постојат два типа, туберкулозен маститис и идиопатски лобуларен грануломатозен маститис.

Туберкулозниот маститис најчесто е присутен во земји во развој кај пациенти со потиснат имунитет (СИДА, хронична бубрежна инсуфициенција итн.). Туберкулозниот маститис се манифестира како анастомотични фистули на кожата на дојката, маса во дојките, маса со исцедок или апсцес во пазувите. Специфичните тестови за туберкулоза се применуваат со примероци земени од апсцесот или од масата. Генетските тестови, како најновиот ПВР тест (Поливеразна верижна реакција) даваат подетални резултати. Доколку апсцесот на дојките се повторува и по исцедувањето на истиот и покрај антибиотската терапија, постои сомнеж за постоење на туберкулоза која не може да се дијагностицира со тест. Кај овие пациенти треба да се препише терапија со лекови и антибиотици. Апсцесот може хируршки да се отстрани во случај на повторно појавување на туберкулозен маститис и покрај честите исцедувањa и терапија.

This image has an empty alt attribute; its file name is vospalitelni-bolesti-dojka.jpg

Идиопатски лобуларен грануломатозен маститис се јавува кај пациенти во почетокот на бременоста. Се смета дека е резултат на бурна реакција на имунолошките регулативни агенти на дојката (автоимуни) и/или на претходна инфекција или траума. И во клиничка и радиолошка смисла (ултразвук, мамографија, магнетна резонанца), овој маститис често се меша со карцином (особено воспалителниот карцином на дојка) или со туберкулоза. Овие пациенти постојано имаат апсцеси на дојките и покрај дренажа и антибиотска терапија. Примероците кои се земаат од апсцесот или од ткивото се негативни за туберкулоза. Ултрасонографијата, мамографијата и магнетната резонанца на дојките не можат да го разликуваат од карциномот. Сомнителното ткиво мора да се прати на патологија за да се дефинира дијагнозата. За време лекувањето, пациентите со мали маси може да продолжат да се испитуваат. Овие видови маси може да исчезнат само по земање антибиотици и аналгетици. Во овој период, ако има апсцес во основата, тој може да се исцеди и испрати на микробиологија. Освен ако масата не исчезне по овие третмани, и ако таа маса е мала, може да се отстрани хируршки. Доколку масата е голема или има повеќе маси, пациентот треба да прима имуносупресант како на пример стероиди. Пациентот треба да ги прима овие лекови најмалку 6 недели, вкупно 3-4 месеци. На три недели пациентите мора да доаѓаат на прегледи. Пред користење на имуносупресивните лекови докторот треба да е сигурен дека пациентот нема туберкулоза. Кортизонската терапија помага за лекувањето на овие маси и доколку се намалат, би можеле да се отстранат хируршки. Доколку масата е раширена до дојките, се прима само кортизонска терапија. Во случај на позитивна реакција и намалување на масите, пациентот доаѓа на контролни прегледи. Доколку кортизонот не дава резултат, може да се користат други слични имуносупресивни лекови.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!