Хируршки третман на карцином на дојка

Карциномот на дојка може да се третира со повеќе хируршки техники:

-          Отстранување на карциномот на дојка (лумпектомија)

Оваа хируршка интервенција подразбира отстранување на туморот, како и дел од здравото ткиво кое се наоѓа околу него. Лумпектомијата најчесто се прави кај малите тумори.

Карциномот на дојка може да се третира со повеќе хируршки техники:

–          Отстранување на карциномот на дојка (лумпектомија)

Оваа хируршка интервенција подразбира отстранување на туморот, како и дел од здравото ткиво кое се наоѓа околу него. Лумпектомијата најчесто се прави кај малите тумори.

–          Отстранување на целата дојка (мастектомија)

Мастектомијата подразбира отстранување на целото ткиво на дојката. Повеќето од овие процедури подразбираат отстранување на целата дојка – лобулите, каналите, масното ткиво, како и кожата и брадавицата (едноставна мастектомија). Постои и мастектомија во која кожата на дојката се остава со цел да се овозможи реконструкција на дојката.

–          Отстранување на двете дојки

Кај некои жени ризикот од појава на канцер и на другата дојка е многу голем. Затоа, понекогаш докторите препорачуваат отстранување и на здравата дојка (контралатерална профилактична мастектомија).

Некои од жените се одлучуваат за реконструктивна хирургија. Сепак, потребна е консултација со специјалист по естетска и пластична хирургија околу можностите за третман. Реконструкцијата може да се изведе со вградување имплант за дојка или реконструкција на дојка со сопствено ткиво. Оваа интервенција може да се изведе за време на самата мастектомија или одложена по завршување на лекувањето.  

–          Отстранување јазли од пазувната јама

При оперирање на карцином на дојка хирургот ги отстранува и лимфните јазли од истостраната пазувна јама (аксила), кои потоа патологот ги анализира хистопатолошки со цел да се одреди постоперативниот стадиум на болеста.

Доколку постои можност за интраоперативна анализа на сентинелниот лимфен јазол (најблискиот лимфен јазол до туморот), во тој случај, дали ќе се продолжи со вадење на другите лимфни јазли зависи од статусот на сентинелниот лимфен јазол. Доколку е позитивен сентинелниот лимфен јазол, тогаш се вадат и другите, доколку е негативен тогаш не се отстрануваат другите лимфни јазли, со што се намалува ризикот од постоперативен едем (оток на раката кај пациентката). 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!