Кламидија

Кламидијата е една од најчестите полово преносливи болести. Оваа инфекција може многу лесно да се шири бидејќи не предизвикува симптоми.

Како да знам дека имам кламидија?

Најчесто симптомите не се секогаш очигледни, но најчесто се појавуваат во период од една до три недели по контакт со инфицирано лице.

Кламидијата е една од најчестите полово преносливи болести. Оваа инфекција може многу лесно да се шири бидејќи не предизвикува симптоми.

Како да знам дека имам кламидија?

Најчесто симптомите не се секогаш очигледни, но најчесто се појавуваат во период од една до три недели по контакт со инфицирано лице.

Симптоми кај жените :

–          Абнормални вагинални исцедоци, кои може непријатно да мирисаат

–          Крвавење помеѓу два менструални циклуси

–          Стомачна болка со треска

–          Болка при сексуален чин

–          Чешање или топлина околу вагината

–          Болка при мокрење

Симптоми кај мажите :

–          Исцедок

–          Болно мокрење

–          Чешање или топлина околу пенисот

Како се дијагностицира?

Постојат неколку различни можности за дијагноза на оваа болест. Докторот, најверојатно, ќе ви земе брис, а потоа истиот ќе го испрати во лабораторија за анализа. Постои можност кламидијата да се дијагностицира и преку урината.

Третман и лекување

Во третманот на оваа болест најчесто се употребуваат орални антибиотици. Вашиот лекар ќе ви препорача и вашиот партнер да се третира за да се спречи реинфекција и понатамошното ширење на болеста. Со третман инфекцијата треба да се спречи за околу една до две недели. Важно е да се заврши целосната терапија со сите антибиотици дури и ако се чувствувате подобро.

Жените со тешки форми на инфекција од кламидија може да бидат хоспитализирани, и да се лекуваат со интравенозни антибиотици (лекови дадени преку вена), како и со лекови против болки.

По земањето антибиотици треба повторно да се тестирате за да бидете сигурни дека инфекцијата е целосно излечена. Се препорачува да стагнирате со сексуални односи сé додека не сте сигурни дека и вие и вашиот партнер ја немате болеста.

Што се случува ако кламидијата не се третира навреме?

 Ако жените не ја третираат оваа болест навреме, инфекцијата може да предизвика воспаление, што може да доведе до оштетување на фалопиевите туби (кои ја поврзуваат матката со јајчниците), па дури и да предизвика неплодност. Исто така, може да го зголеми ризикот од вонматерична  бременост (кога оплодената јајце клетка се развива надвор од матката.) Понатаму, кламидијата може да предизвика предвремено раѓање, како и можност од појава на инфекција на очите кај бебето, слепило или пневмонија.

Доколку мажите не побараат решение за  кламидијата, кај нив може да се јават инфекции на мочните канали. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!