Што е радикулопатија?

Хернирањето на дискот се случува кога надворешниот дел од дискот, анулусот ослабува и напукнува предизвикувајќи го нуклеусот да хернира кон каналот на ’рбетниот столб и корењата на нервите.

Кога дискот хернира кон назад, кон лево или кон десно може да дојде до притискање на нерв. Оваа состојба се нарекува радикулопатија. Радикулопатијата може да се случи спонтано или како резултат на траума. Сите хернирања не предизвикуваат притиснување на нервот.

Ова заболување најчесто ги зафаќа луѓето на возраст од 30 до 50 години.

Кои се симптомите од ова заболување?

Кога дискот хернира и притиска на нервот тоа може да предизвика силна болка, осетливост, вкочанетост и губење на мускулната сила во загрозениот регион.

Цервикалната радикулопатија предизвикува поголема болка во долниот дел на раката отколку во самиот врат. Лумбалната радикулопатија (долниот дел на грбот) предизвикува поголема болка под коленото отколку во долниот дел на ’рбетот.

Кога е потребно испитување на КТ скен или магнетна резонанца?

 Во повеќето случаи дискус хернијата и радикулопатијата можат да се дијагностицираат врз основа на медицинската анамнеза и физикалниот преглед. Оттука, магнетната резонанца или КТ скенот нема да се применат на првата посета кај вашиот доктор. Доколку нехируршкиот третман не може да помогне, во тој случај се применуваат и другите алатки за дијагностицирање на заболувањето и хируршката интервенција е неизбежна.

Методите на третман

Обично се подготвува медицинска програма, пред докторот да се одлучи за хируршка интервенција. Медицинската програма подразбира активна физикална терапија, едноставни аналгетици (ублажувачи на болката), опуштачи на мускулите, нестероидни анти воспалителни лекови, епидурални блокови и краток одмор.

Доколку се јават сериозни невролошки промени по клиничкото испитување, тогаш докторот може да предложи итна хируршка консултација.

Од друга страна, хируршката интервенција е единственото решение за луѓето кои немаат посериозни подобрувања по нехируршкиот третман кој траел од 6-12 недели.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!