Кога е време за бебе?

Одлуката кога да имате бебе воопшто не е едноставна. Ако во минатото жените не внимаваа на бременоста, денес модерните двојки ја планираат својата бременост.

Здрава мајка - здраво бебе

Прво нешто пред да се одлучите да забремените е да направите check up преглед. Само здравите родители на свет може да донесат здраво бебе. Доколку мајката има зголемена телесна тежина, тоа е ризик фактор дека за време на бременоста може да развие гестациски дијабетис, зголемен крвен притисок или преекламсија. Прекумерната тежина може да  предизвика и други здравствени проблеми. Докторите препорачуваат дека доколку планирате бременост морате да се откажете од пушењето цигари, пиењето алкохол и брзата исхрана.

Одлуката кога да имате бебе воопшто не е едноставна. Ако во минатото жените не внимаваа на бременоста, денес модерните двојки ја планираат својата бременост.

Здрава мајка – здраво бебе

Прво нешто пред да се одлучите да забремените е да направите check up преглед. Само здравите родители на свет може да донесат здраво бебе. Доколку мајката има зголемена телесна тежина, тоа е ризик фактор дека за време на бременоста може да развие гестациски дијабетис, зголемен крвен притисок или преекламсија. Прекумерната тежина може да  предизвика и други здравствени проблеми. Докторите препорачуваат дека доколку планирате бременост морате да се откажете од пушењето цигари, пиењето алкохол и брзата исхрана.

Направете план

Закажете преглед кај вашиот гинеколог. Ако имате здравствени проблеми како дијабетес, висок крвен притисок, астма, депресија, најпрво мора да ги доведете во контрола овие заболувања, а потоа да останете трудна. Можно е да ви препорачаат и витамини и мултивитамини, како и фолна киселина, кои се пијат пред бременост. Фолната киселина помага во спречувањето на ризиците од појава на деформитети кај бебето, како и оштетувања на мозокот.

Вакцини и тестови

Бидете сигурни дека сте вакцинирани и превенирани од заразните заболувања. Ако не сте сигурни дека сте примиле некоја од задолжителните вакцини, вашиот матичен доктор може да направи испитување преку крвта.

Редослед на животните настани

Како се одвиваат настаните во вашиот живот? Градите кариера? Се образувате? Сакате поколение? Време е да размислите како сакате да ви се движат настаните во животот. Можеби е време да се одлучите за бебе и да направите пауза од работните обврски.

Возраста

Вашите шанси за забременување опаѓаат со годините. Експертите сугерираат да се обидете да основате поколение пред да наполните 35, доколку сте во можност. Како што годините поминуваат, така се зголемуваат и ризиците да добиете бебе со некакво нарушување. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!