Храна која помага полесно да се ослободиме од стресот

Стресот стана дел од нашето секојдневие, а разликата е во тоа како ќе се справиме со него. Постојат неколку стратегии за справување со стресот, една од нив е и здравата исхрана.

Храната може да го ублажи стресот на повеќе начини. Лесната храна, од типот на топла овесна каша може да ги поттикне нивоата на серотонин, хемикалија која делува смирувачки врз мозокот. Друга храна, пак, може да ги намали нивоата на кортизол и адреналин, стрес хормони кои со текот на времето можат да се одразат врз организмот.

Здравата исхрана може да му се спротивстави на стресот со тоа што ќе го обнови имунолошкиот систем и ќе го намали крвниот притисок.

Комплексни јаглехидрати

Сите јаглехидрати го поттикнуваат мозокот да произведува поголеми количини серотонин. За да се обезбеди оваа таканаречена „среќна“ хемикалија, најдобро е да јадете комплексни јаглехидрати. Консумирајте леб од цело зрно и житарици за појадок кои вклучуваат непреработен овес. Оваа храна ќе ви обезбеди урамнотеженост во организмот со тоа што ќе ви го стабилизира нивото на шеќери во крвта.

Од друга страна, потрудете се да го намалите внесот на едноставни јаглехидрати  од типот на слатки и газирани сокови.

Портокали

Портокалите се полни со витамин Ц. Истражувањата покажуваат дека овој витамин има способност да го потисне нивото на стрес хормоните и да го зајакне имунолошкиот систем. Во една студија се докажува дека луѓето кои имаат висок крвен притисок полесно го намалуваат истиот по извршување на некоја стресна задача доколку консумираат храна полна со витамин Ц. Овој витамин го намалува крвниот притисок и нивото на кортизол во телото.

Спанаќ

Недостигот на магнезиум во телото може да предизвика главоболка и замор. Една шолја спанаќ ги задоволува дневните потреби магнезиум. Не јадете спанаќ? Другите зелени растенија се исто така добар извор на магнезиум. Друга опција можат да биде зготвената соја или филети од лосос кои се полни со магнезиум.

Масна риба

За успешно да го контролирате стресот, спријателете се со рибата која е полна со природни масти. Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во лососот и туната можат да нè заштитат од стрес хормоните, како и од срцевите заболувања, депресијата и предменструалниот синдром (ПМС). Со цел да се снабдите со доволно количество омега 3 јадете најмалку 100 грама масна риба, двапати во неделата.

Покрај овие, тука се и ф’стаците, бадемите, лесните зеленчуци, авокадото итн., кои помагаат во намалувањето на стресот и зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!