Истегнувајте се додека чувствувате дека можете

Земете длабок здив и допрете ги палците на нозете. Истегнувањето е добро за вашето тело и мозок.

Истегнувањето треба да претставува неизбежен дел од вежбањето бидејќи го подобрува спектарот на движења, го намалува ризикот од повреди, го подобрува дотокот на крв до мускулите и го ослободува од напнатоста во мускулите.

Покрај тоа, истегнувањето е одличен начин да направите конекција меѓу телото и мозокот. Постојат неколку начини на истегнување кои постојано треба да ги практикувате.

1.     Истегнување на тетивите под колената

–          Легнете на подот

–          Земете ги рачките на јажето за вежбање во двете раце и истото ставете го околу табанот на десното стапало.

–          Левата нога треба да остане на подот, исправена, додека десната, исто така треба да ја кренете горе со тоа што ќе си помогнете со јажето истата да остане исправена.

–          Држете ја ногата горе 15 секунди

–          Одморете и повторете ја вежбата 3 пати

–          Истото направете го и со левата нога

2.      Застанете исправено со стапалата едно до друго и левата рака потпрете ја на ѕидот со цел да бидете стабилни

–          Свиткајте го десното колено, така што со десната рака ќе го фатите десното стапало

–          Влечете го стапалото нагоре, така што петицата ќе го допира вашиот заден дел.

–          Држете 15 секунди

–          Одморете и направете ја вежбата 3 пати

–          Истото повторете го и со левата нога

3.      Кренете го зглобот на десното стапалото и ставете го , во вкрстена положба, преку левото колено.

–          Почнете да го свиткувате левото колено додека не дојдете до „седечка“ позиција (потклекната)

–          Обидете се да го држите левиот бут паралелно со подот.

–          Држете 15 секунди

–          Одморете и повторете ја вежбата трипати

–          Истото направете го и со левата нога

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!