Што е предвремено стареење на кожата?
Предвременото стареење на кожата кај мажите значи неприродно забрзување на процесот на стареење. Причина за тоа е претераното изложување на сончева светлина (кај 90% причина за предвременото стареење е UV-зрачењето) и нездрав начин на живот (пушење, стрес или лоша исхрана). Овие фактори влијаат врз намалување на производството на колаген. Процесот на производство на нови клетки се забавува, додека мртвите клетки побавно се разградуваат.
Процесот на стареење обично почнува околу 25 година од животот, но за разлика од предвременото стареење, не се забележува неколку години. Доколку се одлучите за правилен начин на живот, ќе се заштитите од предвремено стареење.
Пет виновници за предвремено стареење
Сонце
Сонцето е одговорено за многу проблеми со кожата. Важно е да знаете дека претераното изложување на сончева светлина доведува и до појава на карцином на кожата. Сонцето го намалува излачувањето на колаген. Појавата на длабоки брчки, старечки пеги, проширени вени и неводначеност во тенот се само дел од штетите кои ги прави сонцето.
Пушење
За разлика од непушачите, пушачите имаат набабрена кожа и жолт тен. Дури и да не сте пушач дружбата со пушачи може да се одрази на вашата кожа.
Недоволен сон и стрес
Доколку не спиете доволно и немате редовен сон, исцрпеноста и подочниците ќе бидат ваши пријатели. Кога сме под стрес често се муртиме и правиме мимики.
Недостиг на физичка активност
Недостигот на вежбање доведува до предвремено стареење на кожата, додека вежбањето го одржува тонусот на мускулите и го стимулира крвотокот. Внимавајте и на исхраната, пржената и печена храна штетно влијаат врз кожата.
Изложување на лоши временски услови
Ладниот воздух, ниските температури можат да ја исушат и испукаат кожата и да направат нарушување во рамнотежата на себумот. Без оваа маснотија кожата не може да функционира, се суши и пука. Истото важи и за топлиот воздух.