Протеински пијалак за мажи

Протеините се од суштинско значење за раст, развој и обновување на мускулите. За да бидете силни и спортски активни неопходно е да внесувате доволна количина протеини во текот на денот. Се смета дека на еден килограм телесна тежина неопходно ни е од 1,5 до 3 грама протеин. Совршената протеински богата напивка треба да содржи мешавина од протеини и јаглехидрати. Истата ќе ја добиете ако комбинирате млеко и бананата. Бананата изобилува со калиум, растителни влакна, Б6 витамини и енергија.  Во еден литар млеко со масленост 1,5% има околу 37 грама протеини. Ако пиете 2 до 3 литри млеко дневно ќе го задоволите дневните потреби од протеини. Млекото ги содржи и потребните витамини А, Д, Е и минералите кои се неопходни за одржување на цврстината и густината на коските.

Во вашата протеинска напивка додадете и какао во сурова форма. Какаото изобилува со богатство на антиоксиданси кои се одговорни за целото здравје на телото бидејќи го штитат од болести и слободните радикали кои се главна причина за стареење. Има и минерали кои помагаат во борбата против стресот. Изобилува со магнезиум кој е одговорен за околу 300 процеси во телото. Освен магнезиум има и железо, цинк и витамин Ц. Во зависност од годишното време користете овошје и зеленчук кој го имате дома.

Најдобар избор е самите да си приготвите домашен пијалак отколку да купувате готови протеински шејкови на кои треба само да додадете вода. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!