Стоите пред фрижидерот гледајќи во рокот на траење на храната и во дилема сте дали да ја фрлите или да ја изедете.
Еве неколку правила во врска со безбедноста на храната:
SELL BY DATE:
– Се однесува на тоа колку продавницата може да го задржи производот на рафтовите
– Доколку е соодветно спакувана, оваа храна сè уште е вкусна и безбедна за јадење и неколку дена по овој датум.
BEST – if used by date:
– Не се однесува на расипувањето на храната
– Производот е најсвеж, највкусен и има најдобра текстура доколку се консумира до овој датум.
EXPIRATION DATE:
– Храната има најдобар квалитет до овој датум. По овој датум, вкусот на храната и нејзината текстура почнуваат да го губат квалитетот.
– Не се однесува на расипување на храната
Колку време одредени производи се безбедни за консумирање доколку се чувани во фрижидер или рафт?
– Млеко – 2- 3 дена по истекот на рокот
– Путер – 2 – 3 недели
– Маргарин – 4-6 месеци
– Јајца – 3-5 недели
– Мелено месо – 3-4 дена
– Риба 1-2 дена
– Сува паста 1-2 години
– Овошје од конзерва – 1-2 години
– Зеленчук од конзерва – 1-2 години
Храната која е чувана во замрзнувач трае подолго:
– Пилешко месо – 1 година
– Мелено месо – 3-4 месеци
– Зеленчук – 8-10 месеци
– Овошје – 8 месеци