Социјалната поддршка, клучен фактор во заздравувањето од срцев удар

Истражувањата покажуваат дека помладите пациенти потешко заздравуваат од срцев удар доколку немаат поддршка од семејство или пријатели кои ќе им помогнат да продолжат понатаму.

Младите и средовечните луѓе кои имаат преживеано срцев удар ќе имаат ослабено здравје и слаб квалитет на живот доколку имаат малку членови во семејството или пријатели кои би им ја дале потребната поддршка во процесот на заздравување, се вели во едно истражување.

Истражувањето вклучило 3400 пациенти кои преживеале срцев удар, и тоа на возраст од 18 до 55 години, чие здравје било оценувано веднаш по срцевиот удар, потоа еден месец подоцна, па 12 месеци подоцна.

Првата проценка укажува на фактот дека пациентите со помала социјална поддршка се под поголем ризик да бидат осамени, невработени, пушачи, прекумерно да консумираат алкохол и да имаат ризик фактори за срцев удар од типот на висок крвен притисок, дијабетес и депресија.

Според студијата неколку месеци по срцевиот удар, пациентите со послаба социолошка поддршка ќе имаат намалено ментално здравје, повеќе симптоми на депресија и послаб квалитет на живот.

Експертите укажуваат дека не треба постојано да се потпираме на разни таблети и медицински процедури. Понекогаш треба да обрнеме повеќе внимание на нештата кои ги сакаме и пријателските релации. Поврзувањето со луѓето, особено додека сме болни или краток период подоцна, ќе има одличен ефект врз брзото заздравување и квалитетот на животот. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!