8 зеленчуци за поздрав живот

Ако во вашата исхрана доминира зеленчукот, тогаш сте на вистинскиот пат до здрав и долг живот. Се прашувате кој зеленчук е најдобар избор за вас? Голем дел од зеленчуците претставуваат вистинска нутритивна бомба. Еве ги нашите топ 8 зеленчуци за оваа недела:

Ако во вашата исхрана доминира зеленчукот, тогаш сте на вистинскиот пат до здрав и долг живот. Се прашувате кој зеленчук е најдобар избор за вас? Голем дел од зеленчуците претставуваат вистинска нутритивна бомба. Еве ги нашите топ 8 зеленчуци за оваа недела:

Коренест зеленчук

Коренестите зеленчуци се богати со витаминот К, кој, пак, ги намалува шансите да заболите од дијабетес тип 2. Една чинија ги задоволува двојно вашите дневни нутритивни потреби.

Цвекло

Цвеклото е главен извор на нитрати, кои делуваат позитивно на крвниот притисок. Дополнително, богати се со растителни влакна и други хранливи состојки.

Млад зеленчук

Младиот корен, зелка, кељ, брокула имаат поголеми хранливи вредности за разлика од зрелите растенија. Нивно секојдневно користење значително ќе влијае на вашиот имунитет. Може да ги користете и како додаток во зеленчукова супа.

Блитва

Доколку сте се одлучиле за здрав начин на живот, тогаш блитвата мора биде дел од вашиот избор за зеленчуков оброк. Претставува богат извор на антиоксидансите лутеин и зеаксантин кои се корисни за здравјето на очите. Со оглед на ниската калорична вредност, претставува добар избор во одржувањето на нормалната телесна тежина. За да ги зачува хранливите состојки, најдобро е да ја готвите на пареа.

Спанаќ

Спанаќот содржи големи количини витамини Ц, А и К, како и манган. Редовното конзумирање ги намалува шансите за појава на дијабетес тип 2. Може да го користите како додаток во зеленчукова салата, може да биде ваше главно мени на денот или, пак, да биде составен дел од смуди ( smoothie) пијалакот.

Грашок

Одлична идеја за здрав оброк. Растителните влакна кои ги содржи ќе ви помогнат полесно да ја варите храната, а истовремено ќе ве држат сити. Јадењето грашок помага во намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Може да го користите како главно јадење, додаток во главно јадење, салати, зеленчукови супи.

Црвена пиперка

Ставетe ja во секојдневната салата. Претставува богат извор на витамин Б и бета каротен. Двојно ги задоволува дневните потребите за витамин Ц.

Брокула

Брокулата е најдобриот дар на природата. Претставува богат избор на состојки кои го намалуваат ризикот за појава на некои видови канцер. Една порција брокули изобилува со витамин Ц и К. За да ги зачува своите нутритивни вредности, подгответе ја на пареа или јадете ја свежа во салата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!