Симптоми на канцер

sistina

Канцерот расте тивко, без специфични симпотми во рана фаза

Вие најдобро го познавате вашето тело. Доколку имате одредена болка која трае подолго време, напипате симптоматична грутка на вашето тело, или почувствувате невообичаени симптоми, треба да се јавите на лекар. Имајте предвид дека многу симптоми на канцер се исти со симптомите на други болести. Навременото откривање на канцерот може да ви го спаси животот.  

Постојат повеќе од 100 различни типови канцер со различни симптоми. Затоа е невозможно да се одреди група на симптоми кои се карактеристични за оваа болест. Канцерот е болест која нема специфични симптоми. Во ран стадиум, додека туморот е со мали димензии, болеста нема знаци. Доколку канцерот се наоѓа во специфични делови, како на пример мозок, тогаш симптомите може да се јават додека туморот има мали димензии.

Како што канцерот расте почнува да притиска на околните органи, крвни садови и нерви. Тој притисок може да доведе до појава на првите симптоми. Според тоа, какви симптоми ќе се јават зависи од тоа каде се наоѓа канцерот, колку е голем и колку влијае на органите и ткивата. Кога болеста ќе метастазира, симптомите може да се јават на различни делови на телото.

Но, најчесто канцерот расте тивко, без специфични знаци или симптоми. Карциномот, на пример, на панкреас нема симптоми сѐ додека не достигне одредена големина и почне да притиска на околните нерви или органи. На пример, ако расте околу жолчните канали, симптомите ќе се јават кога ќе почне да го блокира протокот на жолчката. Тогаш кај пациентот се јавува жолта боја на кожа и на очите. Но најчесто канцерот ги дава првите симптоми кога е во напредната фаза и почнал да го зафаќа и околното ткиво.

Некогаш одредени симптоми како температура, малаксаност или губење на тежина може да се знак за канцер. Тоа е последица кога канцерот користи повеќе енергија од телото, или влијае на телото во создавање енергија. Исто така, канцерот може да го предизвика имунолошкиот систем, кој почнува да реагира со овие симптоми и знаци.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!