Канцер на кожа (меланом)

Малигниот меланом е најопасниот карцином кој може да се појави на површината на кожата и слузокожата. Се јавува одненадеж, без предупредување и поради тоа се препорачува редовно и внимателно следење на бенките.

Што претставува?

Меланомот на кожата потекнува од клетките кои се наречени меланоцити и е опасен по живот. Меланоцитите содржат пигменти и кожата на овие места станува потемна. Прекумерната и неконтролирана пролиферација на меланоцитите може да резултира со ширење на туморот кон другите органи.

Кои се фактори на ризик?

Меланомот се појавува на површината на кожата и шансите за рано откривање се поголеми за разлика од другите канцери. Ризикот се зголемува доколку постои историја на канцер во семејството и доколку има појава на повеќе бенки низ телото (75-100 или повеќе). Меланомот почесто се јавува кај луѓето со посветол тен и пеги, меѓутоа темниот тен не е гаранција дека нема да добиете меланом. Кај луѓето со темен тен се појавува на стапалата, дланките, под ноктите или во устата. 

Кои се симптомите?

Меланомот се појавува одненадеж и без предупредување, на нормална кожа, како и на бенките. Поради тоа, потребно е добро да ги познаваме бенките, нивната поставеност и изглед, со цел да ги откриеме различностите. Меланомот најчесто личи на бенка и затоа понекогаш не може да се направи разлика. Други симптоми се: подигнување на кожата, крвавење или оток на бенката на површината на кожата. Покрај овие симптоми, може да се појави чешање, чувствителност и болка. Отстранување бенка се врши во консултација со доктор, најчесто дерматолог.

Како се дијагностицира?

Дерматоскопијата е дијагностички метод со кој пигментираните бенки се зголемуваат за 10-20 пати. Овој метод се применува преку дигитализиран оптички систем којшто прави слики и служи за насочување на дијагнозата. Доколку дефинитивната дијагноза е канцер на кожа, треба да се направат патолошки испитувања за отстранување на ткивото. Доколку бенката или пигментираната лезија се отстрани со операција, не се појавуваат дополнителни ризици. Сепак, доколку се следи правилната дијагноза, може да нема потреба од отстранување на ткивото.

Како се лекува?

Доколку резултатите од патолошкото испитување на земениот материјал за биопсија покажат дека има присуство на карцином, се прави хируршка интервенција и на околното здраво ткиво. Најефективниот третман на меланомите е хируршка интервенција. Доколку меланомот не се открие во рана фаза, постои ризик да метастазира преку лимфниот систем до другите органи и тогаш е потребно да се направи биопсија на лимфните јазли. Во третманот на меланомот секогаш со операција на туморот се проверува и најблискиот лимфен јазол.

Како можете да се заштитите?

Можностите за рано откривање на меланомот на површината на кожата се многу големи и заради тоа се препорачува секој месец да се прави преглед на кожата во домашни услови. Истиот се изведува во доволно осветлена просторија пред големо огледало, а за региите кои не можат да се видат треба да се користи рачно огледало. Прегледот започнува од лицето, скалпот (доколку сакате, може да побарате помош), вратот, рамената, грбот, градите и со ред надолу. Треба да се прегледаат ингвиналната регија, внатрешните делови на стапалата и рацете, како и меѓу прстите. Прегледот не трае повеќе од 5 минути.

Метод за следење бенки ABCDE

За полесно следење на бенките на телото се користи методот наречен ABCD. Доколку забележите разлики на бенките според долунаведените точки, известете го докторот:

•А ( Asymmetry = Асиметрија):
Едната половина на бенката не е иста со другата половина (по форма и/или боја).

•B (Border = Граница)
Границата на бенката е неправилна и можат да се забележат нерамнини на бенката.

•C (Color = Боја)
Бојата на бенката не е хомогена; може да се забележи кафено, црно, црвено, сиво, бело во облик на точка.

•D (Diameter = Дијаметар)
Дијаметарот на бенката е околу 6 мм; отприлика колку гумата од моливот.

•E (elevacija = Издигнување)

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!