Кога станува збор за дисциплината на децата нема брз лек, ниту магија. Тоа е еден долг процес во кој вие континуирано мора да се вложувате и да работите со нив. Водете ги децата по патот на нивниот раст. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за добро воспитување:
– Награда за добро однесување – многу често кога малите се немирни родителите ги казнуваат, а кога се умни забораваат да ги наградат. Со наградата ќе добиете поголеми резултати отколку со казната. Наградувајте ги добрите дела, однесувања, резултати. Ова не значи дека вашето дете при секоја постапка треба да добие чоколадо, но може да го наградите кога ќе ја исчисти собата или кога ќе добие 5 на училиште.
– Поставувајте јасни правила – ако вашите правила не се јасни вашето дете нема да може да ги почитува. Паузата на компјутер меѓу учење нека трае 30 минути, кога времето ќе помине, прекинете го. Бидете доследни за своите правила. Имајте на ум дека децата имаат корист кога имаат граници, така ќе знаат дека вие секогаш сте зад нив и ги следите.
– Бидете модел за добро однесување и соработувајте – децата се огледало на родителите и кога ќе пораснат тие ќе сакаат да бидат како вас. Добро поставените правила, убавата атмосфера и соработката можат да го спречат лошото однесување. За да го придобиете вниманието на децата секогаш понудете им опции. Кога се однесуваат будалесто прашајте ги дали ќе прекинат за две или три минути. Опции понудете и во други ситуации, кога бираат облека, овошје. На тој начин децата ќе имаат чувство дека нивното мислење е важно и ќе се согласат на соработка.
Факт е дека воспитувањето не е едноставен процес, ќе има добри и лоши денови. Ако сакате вашето дете да биде чесно и искрено, бидете чесни и искрени и вие. Ако сакате тоа да биде љубезно, однесувајте се љубезно дома и надвор.