Зошто сме толку уморни?

Секој од нас одвреме навреме се чувствува многу уморен. Непреспиени ноќи, секојдневен стрес на работното место, семејни проблеми – сè си зема свој данок. Но кога постојано се чувствувате уморни значи дека ви недостига енергија. Еве неколку начини како да бидете полни со енергија и сила.

Секој од нас одвреме навреме се чувствува многу уморен. Непреспиени ноќи, секојдневен стрес на работното место, семејни проблеми – сè си зема свој данок. Но кога постојано се чувствувате уморни значи дека ви недостига енергија. Еве неколку начини како да бидете полни со енергија и сила.

Внесете шеќер

Шеќерот обезбедува брза енергија и ни го крева распо­ло­же­ни­ето кога се чув­ству­ваме депре­сивно. Но, важно е да се напо­мене дека треба да внимаваме да не внесуваме многу шеќер. Про­бле­мот е во тоа што шеќе­рот ни дава енер­гија во вид на чисти кало­рии и ништо друго. Поради тоа орга­ни­змот треба да кори­сти други мате­рии за негово варење и тоа вли­јае на нашето здра­вје. Препорачана дневна доза ни се околу 90 грама шеќер –  две лименки или 8 чоко­ладни кола­чиња.

Кофеин

Кофеинот во кафето го забрзува метаболизмот, ја зголемува концентрацијата и го покачува нивото на енергија. Сепак, пиењето кафе на празен стомак и не е најумното нешто што можете да го направите. Пред да се напиете кафе, каснете барем еден овошен плод. Кофеинот го има и во чајот, па дури и чоколадото.

Вежбајте

По долгиот и напорен работен ден, вежбањето веројатно е последното нешто што би ви паднало на ум да го направите. Но, факт е дека доколку добро се испотите, ќе имате повеќе енергија. Заморот, во комбинација со променливото расположение и депресијата, ќе исчезнат максимум за пола час по вежбање со умерено темпо.

Хранете се здраво

Никогаш не го прескокнувајте појадокот, внесувајте многу зеленчук и овошје и, секако, пијте многу вода. Не заборавајте дека и јаткастите плодови се добар избор за многу енергија. На овој начин ќе имате многу енергија!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!