Зајакнете го имунитетот

Периодот есен зима е карактеристичен по падот на имунитетот кај луѓето, па секојдневно сме сведоци дека некој кашла, кива или е настинат. Еве неколку совети како да го подобрите вашиот имунитет.

1.Редуцирајте го стресот

Доколку стресот е во умерена доза, може да биде корисен за вашето функционирање, но постојан прилив на стрес му штети на телото и здравје. Истражувањата покажуваат дека стресот доведува до болест и намалување на имуниот систем. Затоа одвојте време за себе и опуштете се.

2. Земете миленик

Со право велат дека кучињата се најдобрите пријатели на луѓето. Тие се одлично друштво, со кое можете заедно да трчате и вежбате. Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат домашен миленик имаат помал крвен притисок, холестерол, подобро здравје на срцето. Децата, пак, кои имаат миленик се стекнуваат со одговорност и навики, а се намалува и ризикот од развој на алергии.

3. Бидете во кругот на пријателите

Пријателите и добрите социјални врски исто така имаат влијание врз вашето здравје. Луѓето кои имаат многу пријатели околу себе имаат 50% поголеми шанси за пребродување на здравствените проблеми. За да стекнете поголем круг пријатели зачленете се во невладини организации, одете на часови по странски јазик, вежбајте.

4. Позитивни мисли

Позитивните мисли му даваат поттик на вашиот имунолошки систем. Една студија покажала дека луѓето кои мислат позитивно имаат посилен имунолошки систем. Смејте се почесто, тоа ја спречува појавата на болест!

5. Јадете храна богата со антиоксиданси

Јадењето многу овошје и зеленчук значи и внес на многу антиоксиданси. Овие супстанции нè штитат од многу болести и ги врзуваат слободните радикали. Покрај нив, неопходен е и внесот на витамини и минерали. Некои од особено важните компоненти се витаминот А, Ц, Д, Е, цинк, магнезиум, селен.

6. Движете се

Еден од наједноставните начини како да го подобрите вашиот имунитет е движењето. Луѓето кои посветуваат време на спортот поретко настинуваат и се разболуваат. Вежбалницата, пливањето или, пак, пешачењето трипати во неделата по 30 минути е супер избор за здраво тело.

7. Кажете им збогум на лошите навики

Пушењето цигари, пиењето алкохол, јадењето брза храна се само дел од лошите навики на современиот човек. Колку побрзо се справите со нив, толку поздрави ќе бидете.

8. Мијте ги рацете

Сите зарази се внесуваат преку нечисти раце. Затоа задолжително пред и по консумирање храна, по допир на нечисти површини или по извршување физиолошки потреби. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!