Последните истражувања покажале дека веганите (личност која не консумира храна од животинско потекло-месо, јајца, млеко, мед, но и не носат крзно, волна) побрзо слабеат од луѓето кои се вегетаријанци. Доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина, а не можете да се откажете од месо, јајца и млечни производи, прочитајте ги следниве совети.
Денови без месо
Ако сте еден од оние кои не можат да замислат ден без да консумираат месо обидете се во вашиот неделен распоред da внесете еден „безмесен“ ден. Можеби ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете. По одреден период внесете уште еден ден без месо, па потоа уште еден. Наместо месо, одберете морски плодови.
Алтернативна замена
Протеините кои ги внесувате со месото заменете ги со храна која ги содржи. Нека главен извор на протеини бидат – гравот, грашакот, сојата, печурките, лешниците, кикиритките, семките од тиква.
Јајца
Доколку вашиот оброк не содржи месо, тогаш во исхраната можете да внесете јајца и млеко.
Уживајте во здравите јаглехидрати
Јаглените хидрати се од голема корист за нашиот организам. Пченицата, јачменот, оризот се добар извор на овие состојки.
Комбинирајте
Овошјето, зеленчукот и житариците се богати со протеини и другикорисни нутритиви, а нивната предност е што не содржат холестерол.