Недостигот на сон доведува до појава на деменција, покажуваат најновите истражувања. Возрасните луѓе кои малку спијат имаат ризик од предвремено стареење на мозокот. Но, покрај стареењето и деменцијата, постои можност од појава и на Алцхајмерова болест. Ризикот постои доколку спиете помалку од шест часа дневно.
Во современото секојдневие, кога луѓето спијат помалку од 6 часа мозокот се намалувал во просек за пет проценти побрзо од другите испитаници во периодот на двегодишното истражување. Како што стареат луѓето, обично помалку спијат и немаат многу свесност за ефектот на должината и квалитетот на спиењето, но сега имаме докази за тоа колку е важно спиењето за правилно функционирање и одржување на мозокот, велат од тимот истражувачи.
Спиењето е активност која е многу важна за здравјето и општото добро на секој човек. Интересно е дека поминуваме четвртина од својот живот во спиење. Запомнете, и мозокот старее па затоа дајте си одмор од секојдневниот стрес и добро одморете се.