Антибиотиците опасни по здравјето


Антибиотиците можат да влијаат на телесната тежина и значително да го зголемат ризикот од дебелеење. Земањето лекови во младоста ја зголемува веројатноста од склоноста за дебелеење во подоцниот период од животот. Антибиотиците се користат во одгледувањето на животните со цел да се зголеми нивната телесна тежина. Овој факт потврдува дека истото може да се случи и кај луѓето.

Антибиотиците можат да влијаат на телесната тежина и значително да го зголемат ризикот од дебелеење. Земањето лекови во младоста ја зголемува веројатноста од склоноста за дебелеење во подоцниот период од животот. Антибиотиците се користат во одгледувањето на животните со цел да се зголеми нивната телесна тежина. Овој факт потврдува дека истото може да се случи и кај луѓето.

Се поврзуваат со астма

Огромен број антибиотици се поврзуваат со појава на астма. Децата кои во првите години од својот живот биле постојано лекувани со антибиотици имаат двапати поголем ризик од појава на астма. Научниците велат дека антибиотиците ги  уништуваат добрите бактерии  кои  ги ублажуваат автоимуните реакции и го намалува ризикот од астма за 30 посто.

Предизвикуваат киселини

Антибиотиците од типот на тетрациклин можат да ја надразнат слузокожата на хранопроводот, а со тоа да предизвикаат непријатно чувство. Тие се агресивни кон желудникот и ги уништуваaт добрите бактерии. Истражувањата докажаа дека луѓето кои ги немаат овие бактерии имаат зголемен ризик од појава на желудочен рефлукс бидејќи тие се  задолжени за регулирање на киселината во желудникот.

Можат да предизвикаат дијабетес

Освен што можат да предизвикаат киселини и астма, антибиотиците можат да бидат причина за дијабетес тип 1. Ризикот е уште поголем доколку се земаат во најраното доба. Антибиотиците ги уништуваат добрите бактерии, ја нарушуваат флората на цреватa, а со тоа го менуваат развојот на имунолошкиот систем. Како резултат на ова, имунолошкиот систем, „по грешка“ го напаѓа панкреасот кој произведува инсулин.

Се поврзуваат со целијачна болест

Бројот на луѓе кои имаат целијачна болест или интолеранција на глутен е зголемен за 4 пати, а сето тоа поради прекумерно користење антибиотици.

Инфекции отпорни на антибиотици

Со внесувањето на антибиотиците се зголемува ризикот од инфекции отпорни на тие лекови. Антибиотиците ги уништуваат добрите бактерии, а со тоа им прават место на оние лошите од типот на „Clostridium difficile“, бактерија која предизвикува дијареја и остава трајни последици по здравјето. Поради тоа, треба да бидете внимателни со употребата на антибиотиците. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!