Бенигни и малигни тумори на мозок

Секое абнормално ткиво кое расте во внатрешноста на черепот се нарекува експанзивен процес (што се шири). Дел од овие експанзивни творби се и мозочните тумори. Можеби ќе се зачудите од фактот дека туморот на мозок не мора да значи и канцер. Застапеноста на мозочните тумори е 1-2% од сите видови тумори кај луѓето. Причината за нивното настанување сè уште не е потврдена и научно докажана. За да се разјасни природата на болеста многу е битна клиничката слика, а за да се открие за каков вид тумор се работи неопходно е да се направат одредени испитувања.

Секое абнормално ткиво кое расте во внатрешноста на черепот се нарекува експанзивен процес (што се шири). Дел од овие експанзивни творби се и мозочните тумори. Можеби ќе се зачудите од фактот дека туморот на мозок не мора да значи и канцер. Застапеноста на мозочните тумори е 1-2% од сите видови тумори кај луѓето. Причината за нивното настанување сè уште не е потврдена и научно докажана. За да се разјасни природата на болеста многу е битна клиничката слика, а за да се открие за каков вид тумор се работи неопходно е да се направат одредени испитувања.

Постојат бенигни тумори кои не се канцерогени и растат многу побавно, и малигни, кои се развиваат многу побрзо. Без разлика дали станува збор за малигнен или бенигнен мозочен тумор, поради притисокот кој го врши врз мозокот и другите структури во черепот предизвикува проблеми. Статистиката покажува дека некои видови бенигни тумори се позастапени кај жените.

Кај кои пациенти се јавуваат мозочните тумори?

Не постои општо правило, различни тумори се појавуваат на различни возрасти. За жал, мозочните тумори се почести кај децата. Кај нив тие потешко се откриваат бидејќи малите пациенти не знаат самите да ги кажат своите маки и симптоми како возрасните. Родителот треба да побара совет од невропедијатар, а по потреба и од неврохирург ако детето упорно повраќа со денови и недели, а причината не може да се објасни со обичен педијатриски преглед. Мозочните тумори кај децата најмногу се појавуваат во пределот на малиот мозок. Истите се достапни за хируршко лекување, а по отстранување материјалот се праќа на хистопатолошка анализа. Понатамошното лекување зависи од природата на туморот. Лекувањето е поефикасно ако е почнато порано, што дополнително ја нагласува важноста од правовремено откривање и дефинирање на болеста. Ако туморот се појавил повторно, тогаш освен хируршкото се применува и онколошко лекување.

Поставување дијагноза

За да се постави дијагноза неопходно е да се земат сите податоци за симптомите на пациентот. Ако пациентот не може сам да ги објасни своите тегоби, тогаш информациите ги добиваме од неговото семејство. Доколку има некакво отстапување од нормала, се продолжува со невролошко испитување на болниот. Со посебни техники се испитува како функционираат нервите, моторната сила на рацете и нозете. Покрај радиолошките снимања – компјутеризирана томографија и магнетна резонанца, се испитува и очно дно, како и ПЕТ/КТ снимање кое може да открие и скриени далечни метастази на туморите. Како ќе се лекува пациентот, зависи од возраста. Ако се работи за 70-80 годишен пациент, тогаш треба повнимателно да се пристапи и да се види каква е општата здравствена состојба со преглед на срцето, белите дробови и другите органи за да се види дали пациентот е подготвен за оперативно лекување. Тимската работа во лекувањето е една од најбитните алки во успешниот третман.

Како се третираат бенигните тумори?

Третманот на туморот зависи од типот, големината и локацијата. Како што бенигниот тумор расте, така тој врши притисок врз околните области на мозокот. Тие ретко се шират во другите ткива, но истите можат повторно да се појават ако не се отстранат целосно. Целта на лекувањето на бенигните тумори на мозокот е нивно безбедно хируршко отстранување. Потоа туморот се праќа на испитување.

Мозочни метастази

Карциномите што се шират во мозокот се нарекуваат мозочни метастази. Мозочните метастази се честа појава кај пациентите. Во минатото тие ретко се лекуваа, денес истите може да се оперираат доколку се достапни за хируршка интервенција и доколку дозволува општата состојба на пациентот. Обично по операција пациентите имаат олеснување на тегобите. Понатаму се следи состојбата со прегледи и контролни снимања на мозокот, обично со магнетна резонанца со контраст (снимање кое најточно покажува дали има повторување на туморот).

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!