Меланомот на кожата потекнува од клетките наречени меланоцити кои се богати со пигмент и придонесуваат за интензитетот на бојата на кожата. Најчести ризик фактори за негова појава се: светол тен и пеги од прекумерено изложување на сонце, необични бенки, семејна историја, чести изгореници од сонцето, ослабен имунитет. Овој тип карцином почесто се појавува кај луѓето со посветол тен, светла коса и очи, но не ги избегнува ни луѓето со потемен тен. Тој може одеднаш и без предупредување да се појави на нормална кожа, како и на постоечките бенки. Тимот дерматолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат дека е важно добро да го познаваме нашето тело, да ја знаеме поставеноста на бенките и нивниот изглед.
Симптоми на канцер на кожата
Симптомите на канцерот на кожа зависат од типот на канцер кој е развиен. Карциномот на базални клетки најчесто изгледа како мазна грутка во вид на бисер и се јавува на деловите од кожата кои се најмногу изложени на сонце (главата, вратот или рамењата). Видливи се мали крвни садови во самиот тумор, честа појава на красти и крвавење и најчесто се јавува како неизлечива рана. Карциномот на сквамозни клетки најчесто се јавува како добро дефинирана густа црвена грутка која може да стане рана и да искрвави. Доколку не се лекува навреме, може да се зголеми. Најголемиот дел од малигни меланоми се пигментирани лезии со кафена или црна боја. Други знаци на меланом се: промена во големината, формата, бојата или набабреноста на миомот, појава на нов миом во староста или повторена болка, чешање, рана или крвавење на постоечкиот миом .
Како рано да ги препознаеме промените?
Раното откривање на меланомот е многу важно затоа треба да се прават редовни самопрегледи. Прегледот треба да започне од лицето, скалпот, вратот, рамената, грбот, градите. Прегледите извршувајте ги во добро осветлена просторија пред големо огледало еднаш месечно. За местата кои не ви се достапни, послужете се со огледало.
Ризикот од меланом се зголемува по штетното влијание на сончевите зраци
Доколку забележите дека на вашето тело имате новонастанати бенки или, пак, веќе постоечките се зголемиле или го промениле обликот, веднаш консултирајте се со вашиот дерматолог. Новата или зголемената бенка најпрво се прегледува, па се анализира и се фотодокументира со компјутерска дерматоскопија. Оваа процедура се прави со дерматоскоп, површински кожен микроскоп кој се користи во преглед на бенките и ги зголемува и ги забележува промените кои не се видливи со голо око. Со него се одредува дали пигментираните лезии (бенки) се бенигни или постои сомнение дека се малигни. Оваа информација е потребна непосредно пред операција за отстранување на кожните лезии. Mole Max HD PRO e последна генерација на дерматоскопи во светот, со кој рано се дијагностицира карциномот на кожа. Овој најсовремен апарат овозможува со едно снимање да се скенира целото тело, со што во исто време прецизно се следат повеќе пигментни промени на телото. По снимањето современиот софтвер на Mole Max HD PRO дерматоскопот компјутерски го одредува ризикот на секоја пигментација. Апаратот според резултатите од проценката одредува кога треба да се направи следниот преглед. Сите податоци на пациентот се сместени во посебни фајлови, што овозможува споредба на секој преглед. Mole Max HD PRO дерматоскопот, кој го користат врвните дерматолошки центри во светот, во регионот е достапен ексклузивно во „Аџибадем Систина“.
Како се лекува канцерот на кожа?
Овој вид карцином се лекува со отстранување на лезијата, како и здравиот дел на кожата кој се наоѓа непосредно до самата лезија. Најпрвин оваа регија се обезболува со лекови. Потоа со мал нож се отстранува канцерот. Други третмани вклучуваат замрзнување (криотерапија), стругање и горење (електродесикација и киретажа) и радиотерапија. Колку порано се отстрани канцерот на кожата, толку е поголема веројатноста за негово целосно излекување.
За важноста од превентивни прегледи за карцином на кожата во Македонија, најдобро зборуваат статистиките. Нашата земја е на самиот врв во Европа, по бројот на нови случаи годишно. Во светот карциномот на кожа е најчест карцином кај луѓето.