Што е биопсија со помош на вакуум?
Биопсијата со помош на вакуум е најсовремена од сите методи на иглена биопсија. Овој метод се користи за дијагностицирање на сомнителни наоди, кои се обично видливи само со мамографија. Оваа биопсија се издвојува како префериран метод за биопсија на сите сомнителни наоди кои се видливи само со мамографија и МР, како и за откривање на микрокалцификации. Овој метод овозможува целосно отстранување на мали бенигни маси без хируршка интервенција.
Како се применува?
Биопсијата со помош на вакуум се извршува на посебна маса наречена „маса за стереотаксична биопсија“, која е направена специјално за овој метод. Масата има отвор во средината, за дојката да може убаво да се намести. На ова маса има рендгенската цевка и слично како со мамографија, дојката се снима од различни агли. Благодарение на овие снимки се одредуваат тродимензионалните координати на сомнителна област. Пациентот лежи во испружена позиција без да се движи. Биопсијата се врши под масата од страна на радиолог; пациентот не може да ја следи процедурата, ниту, пак, чувствува болка бидејќи делот на кој се прави биопсија е локално анестезиран. По завршување на постапката, пациентот чека пола час, а во меѓувреме се става мраз на третираната област. Пациентот се советува да мирува тој ден.
Кои се предностите?
- Во биопсијата со помош на вакуум се користи уред за континуирана примена на вакуум и стерилни, дебели игли за еднократна употреба. Оваа игла се внесува од страна на компјутер според пресметани координати. Во текот на постапката, додека со вакуум сомнителната област се вовлекува кон иглата, се вадат голем број примероци од ткиво. Во споредба со другите методи, повеќе примероци од ткиво може да се добијат за околу пола минута. Како резултат на ова, шансите за точна дијагноза во голема мера се зголемуваат (97-99%).
- Во случај на крвавење, истото може да се апсорбира со помош на вакуум.
- Постапката не создава непријатност кај пациентот.
- Стапката на компликации од интервенцијата е многу ниска.
Кои се недостатоците?
- Биопсијата со помош на вакуум е релативно нов метод
- Оваа процедура е поскапа од другите методи на биопсија.
Што треба да се земе предвид?
Иако биопсијата со помош на вакуум се извршува за дијагностички цели, само во поретки случаи постои веројатност да се отстрани целата сомнителна област. Меѓутоа, доколку се открие карциномот на дојка, пациентот мора да се оперира за да се отстрани поголем дел од сомнителната област, со оглед на фактот што може да постои мало жариште на канцер што не може да се види на снимките. Доколку сомнителната област целосно се отстрани за време на биопсија, за време на процедурата се става мал метален клип за да се одбележи местото на интервенција.