Магнетна резонанца (MRI 3 Т)
Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностички апарат кој дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб. Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на […]
Компјутерска томографија (CT 128 slice)
Благодарение на комбинација од Х-зраците со компјутерска технологија, компјутерската томографија претставува прецизна и подетална дијагностичка алатка за разлика од рендгенот. Компјутерската томографија е брза, безбедна и безболна метода која може да се комбинира и со други дијагностички тестови со цел да се добие прецизна дијагноза. КТ скенот се препорачува при дијагностицирање на дискус хернија, спинални […]
Дигитален рендген
Рендгенот е еден од најпознатите дијагностички методи. Со помош на рендген снимките успешно се детектираат скршеници на коски, спинални тумори или деформитет на ’рбетот. Служи како дијагностичка алатка при дегенеративните заболувања на диск, ишијас, сколиози кифози и стенози. Рендгенот не е ефективен за дијагностицирање на заболувања на меките ткива. За време на снимањето на дигиталниот […]
Дијагностички тестови
Симптомите на разни состојби и повреди на ’рбетот можат да се манифестираат на повеќе начини, така што многу е важнo прецизнотo дијагностицирање на потеклото на болката во грбот или вратот, рацете или нозете. Спиналниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ поседува најсовремена опрема за дијагноза и третман во регионот, како и искусен тим специјалисти. Во […]
Spina Bifida
Spina bifida претставува најчест вроден деформитет на `рбетниот столб и `рбетниот мозок. Станува збор за дефект на невралната туба што се јавува за време на интраутериниот период. Ваквиот деформитет настанува во првите месеци во бременоста (17. – 30. ден) при што задниот дел на `рбетниот столб не е затворен целосно. Најчест синоним за spina bifida е […]
Хемивертебра (Hemivertebrae)
Хемивертебра е вид на вродена аномалија што се јавува како резултат на недостиг на формирање на половина прешлени од `рбетниот столб. Најчесто едната половина од `рбетниот прешлен е делумно или целосно развиена, додека другата изостанува. Како резултат на недостатоците во развојот на `рбетниот столб, се развива искривување на `рбетниотстолб: кифоза, сколиоза или лордоза. Најчеста локализација […]
Инфекции на ’рбетот
Инфекциите кои го напаѓаат ’рбетот се ретки, но можат да бидат многу сериозни. Во најчестите инфекции на ’рбетот спаѓаат остеомиелитисот, дисцитисот и епидуралниот апцес. Остеомиелитисот е инфекција на прешленската коска. Дисцитис е инфекција која се јавува во меѓупрешленскиот простор и го зафаќа дискот. Епидуралниот апцес е инфекција која се развива во просторот околу ткивото кое […]
Тумори на `рбетен мозок
крохируршки, со негово целосно отстранување. Доколку е откриен навреме, постои можност за целосно заздравување. Многу ретко се јавува малигна форма. Глиом на `рбетен мозок Овие тумори се локализирани во внатрешноста на `рбетниот мозок. Многу често заедно со нив има и присуство на цисти во ’рбетниот мозок. Симптомите се исти како и кај другите видови тумори: […]
Тумори на ’рбет
Спиналните тумори се абнормални ткива кои се наоѓаат во внатрешноста на ’рбетниот столб или `рбетниот мозок. 90 – 95% се лоцирани во рбетниот столб, додека само 5% од овие тумори го напаѓаат `рбетниот мозок. Спиналниот тумор кој се раширил од друг регион во телото се нарекува секундарен или метастазирачки тумор. Туморите кои се формираат во […]
Сколиози и кифози
Што е сколиоза? Сколиозата е странично искривување на ’рбетниот столб, кој создава кривина во облик на буквата С или S. Не секогаш има надворешни видливи знаци на деформитетот, но детето се жали на болка во торакалниот и лумбалниот дел од грбот при подолго стоење. Етиологијата често е непозната (идиопатска), а голем удел имаат секојдневните навики […]