Деформитети на ‘рбетниот столб
Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, претешките училишни торби, несоодветното и долго седење на училиште и дома, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на сколиози и кифози. […]
Дискус хернија
Секој меѓупрешленски диск е составен од цврсто ткиво (прстен) исполнет со мек гел (јадро). Прстенот е составен од лигаменти со кои се поврзани прешлените. Јадрото во најголем дел е составено од вода и има улога на амортизер – го ублажува триењето на прешлените. Кога прстенот на дискот се оштетува и напукнува, тогаш мекото јадро може […]
Ишијас
Ишијасот е болка која зрачи низ ишијадичниот нерв (n.ischiadicus), голем нерв чии корени почнуваат во долниот дел на грбот и продолжуваат кон задните делови на нозете. Иако ишијасот може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Ишијасот најчесто е предизвикан од воспаленија кое се јавуваат како резултат на […]
Остеопороза
Остеопорозата е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скршениците на коските кај овие луѓе можат да се случат и при најмала траума или оптоварување. Најчесто скршениците се случуваат на прешлените на ’рбетниот столб, бутната коска или рачниот зглоб. Ризик фактори Најчести ризик фактори за појава на остеопорозата се – […]
Спондилолистеза
Спондилолистезата е резултат на слизнување на еден прешлен кон напред во однос на соседниот прешлен. Најчесто се случува во лумбалниот дел на ’рбетот. СИМПТОМИ Спондилолистезата најчесто се јавува кај децата и адолесцентите и во некои случаи може да предизвика болка. Доколку е присутна, најчесто е резултат на механички проблеми (одредени активности, движења или положби на […]
Спинална стеноза
Спинална стеноза претставува стеснување на спиналниот канал што предизвикува болки во грбот, болки, слабост, трнење на и нозете, како и нарушување на контролата на мокрење и дефекација. Стенозите можат да се појават насекаде во ’рбетот, но најчесто се појавуваат во цервикалниот и лумбалниот дел предизвикувајќи притисок во ’рбетот, тие можат да влијаат и врз функцијата […]
Патолошки компресиони фрактури на прешлените
’Рбетот е составен од силни коски наречени прешлени. Исто како и секоја друга коска во телото, така и прешленот, може да се скрши. Компресиона фрактура на прешлен се случува кога доаѓа до кршење на прешленот, потоа и негово распаѓање. Оваа состојба најчесто се случува во торакалниот предел на ’рбетот. Во најлош случај некои фрактури можат […]
Дегенеративни заболувања на дискот
Помеѓу секој пршлен во ’рбетот лежи амортизирачко перниче кое се нарекува меѓупршленски диск. Како старееме, овие дискови почнуваат да се оштетуваат. Секојдневните активности кои ги правите додека сте во исправена положба е тест за тоа колку вашиот ’рбет може да ја издржи вашата телесна тежина и колку притисок можат да издржат вашите дискови. Исто така, […]
Анатомија на `рбетен мозок
Структура и функција на `рбетен мозок `Рбетниот мозок е дел од централниот нервен систем што се протега низ должината на `рбетниот канал. Заштитен е од коскените структури на `рбетниот столб. Обвиен е со три мембрани ( dura mater,arachnoid и pia mater). Од `рбетниот мозок се формираат 31 пар `рбетни нерви. Во зависност од кој дел […]
Структура и функција на здравиот ’рбет
`Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на човековото тело. Составен од 33 коски наречени прешлени, служи како столб кој исправено го држи телото и воедно го заштитува ’рбетниот мозок. Кај здравиот `рбет постојат три природни искривувања кои му ја даваат формата на буквата „Ѕ“ гледано од страна. Овие искривувања овозможуваат правилна распределба […]