СИНДРОМ НА НEРВОЗНО ДЕБЕЛО ЦРЕВО

КАКО ДА ГИ УБЛАЖИТЕ СИМПТОМИТЕ И ДА ГО ПОДОБРИТЕ НАЧИНОТ НА ЖИВОТ Иритабилниот цревен синдром (ИЦС) или познат како синдром на нервозно дебело црево е хронично функционално нарушување на гастроинтестиналниот тракт, кое се карактеризира со стомачна болка и промена во цревното празнење, без присуство на органска болест. Приближно 15% од возрасните и адолесцентите имаат некои […]

ПОЛИПИ ВО НОСНА ПРАЗНИНА

Носните полипи се бенигни, меки и безболни гроздести формации, кои може да се јават во носот или параназалните синуси. Во суштина, носните полипи се доста чести, застапени се кај околу 4% од населението и обично ги среќаваме кај лица од 30 до 40 години Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог, објаснува дека најчести причини за нивна појава […]

УСПЕШНО ИН ВИТРО ОД ПРВ ОБИД

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ Ин витро оплодувањето (ИВФ) е сложен и често емотивно предизвикувачки процес, кој им овозможува на многу парови што се борат со неплодност да си ја остварат својата желба за потомство. Стапките на успешност во ин витро процедурите значително се подобрија со текот на годините, а од клучно значење е добрата подготвеност на […]

ОСТЕОАРТРИТ – КОГА ЗГЛОБОВИТЕ ЌЕ „ПОПУШТАТ“

Остеоартритот (ОА) претставува дегенеративна состојба на зглобовите што води до појава на болка, оток, вкочанетост и ограничување на обемот на движење, притоа попречувајќи го секојдневното функционирање и предизвикувајќи потешки инвалидитети на лицата со оваа состојба. Покрај зглобовите, промени се јавуваат и на околузглобните мекоткивни структури, а најчесто влијае врз колената, колкот, ‘рбетот и дланките, објаснува […]

ЛУЗНИ ОД АКНИ? ИМАМЕ РЕШЕНИЕ

Акните (Acne vulgaris) се честа болест на кожата, која често резултира со лузни. Лузните од акни се една од највознемирувачките, долгорочни последици од акните, кои не претставуваат само медицински проблем, туку имаат и штетно влијание врз физичката, менталната и социјалната благосостојба на една личност. Доц. д-р Весна Бришкоска-Бошковски, дерматовенеролог од „Аџибадем Систина“, вели дека според […]

ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ-Болест на модерното време

Неалкохолната масна болест на црниот дроб (NAFLD) се карактеризира со прекумерна акумулација на маст во црниот дроб и обично е придружена со метаболичко нарушување што го нарекуваме инсулинска резистенција (покачено ниво на инсулин во крвта и зголемен отпор на клетките на инсулинскиот сигнал). Ова заболување претставува најчеста хронична болест на црниот дроб во земјите што […]

ДЕБЕЛИНАТА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, А ЧЕТИРИКРАТНО КАЈ ДЕЦАТА И АДОЛЕЦЕНТИТЕ

Дебелината претставува сериозна медицинска состојба придружена со многу здравствени компликации. Но и покрај сите статии, предупредувања и пораки од страна на лекарите, стапката на дебелината низ светот продолжува да расте. Д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснува дека последната студија објавена на оваа тема во реномираното медициско списание „Лансет“ укажува […]

ТРЕТМАН НА АДХД – СИНДРОМ НА ДЕФИЦИТ НА ВНИМАНИЕ И ХИПЕРАКТИВНОСТ КАЈ ДЕЦА

Синдромот на дефицит на внимание и хиперактивност или АДХД е состојба на менталното здравје, која се манифестира со одвлекување на вниманието, хиперактивност и импулсивност до тој степен што тие го попречуваат секојдневниот живот на индивидуата. АДХД е едно од најчестите невро-развојни нарушувања во детството – состојба што започнува во развојниот период и влијае врз начинот […]

ТРЕТМАН НА ТУМОРИ НА ЖЕНСКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Покрај карциномот на дојка, кој е најчестото малигно заболување кај жените, сè почести се и малигните тумори на матката и јајчниците. Од големо значење кај малигните болести на репродуктивните органи е тоа што не даваат симптоми во раниот стадиум на болеста, па затоа и потешко е да се дијагностицираат во рана фаза кај пациентки што […]

ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА ГИНЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ

Низ процесот на природно стареење, човечкото тело претрпува бројни промени. Со текот на годините како што старее кожата на целото тело, се губи еластичноста, а тоа се случува и кај жените во гениталната регија. Голем број жени страдаат од стрес- инконтиненција или состојба на неволно истекување на урина при напор – најчесто кашлање, физичка активност, побрзо […]