Моќниот акцелератор TRILOGY ги убави клетките на канцерот, а го штити здравото ткиво

Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот. Целта на зрачната терапија е да ги убие клетките на канцерот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот. За тоа кога се користи, кои се предностите на зрачната терапија со современиот линеарен акцелератот Trilogy и […]

Кифоза – честа последица на нагло растење на децата или лоша положба при седење

Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочлива при седење и ја следи завиеност на обете рамења нанапред. Често е последица на наглото растење на децата, лоша положба при седење и слаба стомачна и грбна мускулатура. Кифозите во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања […]

Д-р Муратовска: ПЕТ/КТ е прецизна техника со која се одредува точната локација на канцерогени клетки со големина и до 5 мм

ПЕТ/КТ испитувањата се прават кај онколошки болни и е особено корисна метода за дијагностика, за процена на стадиумот на болеста и нејзината напреднатост, за детекција на локални рецидиви и далечни метастази, процена на одговорот на примената терапија и за прецизно планирање на радиотерапијата кај онколошките пациенти. Во драматично брзиот технолошки развој и медицината има свој […]

СО ПРАВИЛНА И ЗДРАВА ИСХРАНА ДО СИГУРНО СЛАБЕЕЊЕ

Покачената телесна тежина e навистина загрижувачки проблем, како во нашата земја така и во светски рамки. Многумина водат вистинска битка со цел губење на вишокот килограми. Но, најважно е да се тргне по вистинскиот пат за безбедно и сигурно да се стигне до целта. Голем дел од популацијата која се соочува со дебелина помош бара […]

Радиотерапија (терапија со јонизирачки зраци)

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники на зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво. Кај пациентите со примарни и секундарни тумори на `рбетниот столб и `рбетен мозок радиотерапијата се применува најчесто пред и по оперативната интервенција со цел да се добијат […]

Хемотерапија (терапија со лекови)

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во своите структури. Во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки лоцирани во `рбетниот столб или `рбетниот мозок со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми. Хемотерапија се применува пред оперативниот и по оперативниот период со цел […]

Микрохируршки интервенции

Во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“  искусниот тим хирурзи успешно ги отстранува и помалку достапните тумори со минимален ризик  од оштетување на нервите. Благодарение на софистицираниот микроскоп неврохирурзите може полесно да направат разлика од туморот и здравото ткиво и на тој начин да ги сведат на минимум  компликациите по интервенцијата. Покрај туморите, микрохируршки се третира и […]

Интраоперативен неврофизиолошки мониторинг

sistina

Кај сите видови хируршки интервенции се користи неврофизиолошки мониторинг со што се овозможува прецизна локализација на нервите, нервните патишта и јадра во `рбетниот мозок. Благодарение на овој софистициран мониторинг, хирурзите имаат прецизна слика на `рбетниот мозок со што шансите за повреда на нервите и останатите структури се сведени на минимум.

Хируршко отстранување на инфекции

sistina

Потешки случаи на неспецифични (гнојни) и специфични (туберкулозни) инфекции на `рбетот се лекуваат со хируршки третман. Во текот на процедурата се отстранува инфицираниот дел од `рбетот до здраво ткиво. По ова се спроведува реконструкција и фиксација на `рбетниот столб. Полесните инфекции се решаваат по неоперативен пат, најчесто со антибиотици по антибиограм.

Третман на примарни и метастатски тумори на `рбетот

Голем број тумори од телото даваат метастази во `рбетот. Во третманот на туморите на `рбетот се применува онколошки, радиотерапевтски и хируршки третман. Туморите најчесто се лекуваат по оперативен пат бидејќи се екстра маса (туморска маса) која го разорува прешленот што е придружено со болка, а може да доведе и до патолошка фрактура, што предизвикува нестабилност на […]