Повреди на `рбетот
Акутните повреди на `рбетот, особено ако се придружени со повреди на `рбетниот мозок, претставуваат тежок хируршки проблем, кој последниве децении сè повеќе се актуелизира. Благодарение на искуството и мултидисциплинарниот пристап, во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ се лекуваат повреди на `рбетот и `рбетниот мозок, со што се овозможува безболна санација на фрактурата. Тука спаѓаат: дијагноза, […]
Хируршка корекција на сколиози и кифози
Во Спиналниот центар се изведуваат најсовремените хируршки техники во лекувањето на потешки случаи на сколиоза и кифоза. Овие интервенции најчесто се изведуваат кај децата (поретко во инфантилна фаза (1-3 години), а почесто во јувенилна и адолесцентна). Деформитетите поретко се јавуваат и кај возрасните како последица на понапреден дегенеративен процес. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има богато […]
Спинална фузија
Спиналната фузија претставува процедура која ги третира нестабилностите на ’рбетот кои предизвикуваат болка и деформитети. Процедурата подразбира спојување на два или повеќе прешлени кои се фузираат во една коска. Фузијата ја намалува болката со тоа што го запира движењето во делот на ’рбетот кој ја предизвикува, а притоа на пациентот му овозможува да ужива во […]
Замена на диск
Замената на диск претставува алтернатива за традиционалната спинална фузија. Со оваа процедура оштетените, повредени или дегенеративни дискови се менуваат со вештачки.Вештачкиот диск е направен од полиетиленско јадро сместено меѓу завршетоци, кои, пак, се направени од легура од кобалт и хром. На овој начин, прешлените повторно се враќаат во својата првобитна положба, при што се заштитени […]
Перкутана вертебропластика
Вертебропластика претставува минимално инванзивна и исклучително ефикасна хируршка метода која се изведува кога имаме патолошка промена или фрактура на прешлен (компресивна остеопоротска фрактура, примарен бенигнен или малигнен тумор, секундарен депозит – метастаза). Целта на оваа интервенција е стабилизација или зајакнување на променетиот прешлен, како и брзо и најчесто комплетно обезболување. Веднаш по интервенцијата пациентите се […]
ЗАТНАТ НОС ЗОШТО НÈ МАЧИ ВО ЗИМА И КАКО ДА СИ ПОМОГНЕМЕ
Многу често веруваме дека зимското време оди рака под рака со носни симптоми, особено со затнат нос. Сепак, докторите сметаат дека ладното време само по себе не е причина за затнат нос. Преосетливост на носот од кој било тип доведува до дисфункција на носната слузница, таа отекува и тоа резултира со потежок проток на воздух […]
ВИТАМИН Д3 СОНЧЕВ ВИТАМИН
Витаминот Д3 е познат уште како сончев витамин бидејќи настанува при изложување на кожата на сонце, но може да се пронајде во мали количини и во некои прехранбени продукти. Витамин Д спаѓа во групата секостероиди растворливи во масти, а два најважни облика во кои се јавува се витамин Д2 –ергокалциферол, кој е од растително потекло, […]
Дисцектомија
Една од најчестите процедури која се применува во хируршкиот третман на ’рбетот е дисцектомијата. При оваа процедура се отстранува дел од оштетениот диск кој врши притисок на нервот и предизвикува болка. Во оваа отворена хируршка интервенција, се отстранува дел од ламината (делот над спиналните нерви) на прешленот со цел да се обезбеди приод до спиналниот […]
Рана рехабилитација
Систем за дишење и длабока венска тромбоза: запушувањето на крвните садови во белите дробови е една од главните причини за смрт кај овие пациенти. Поради застој на крвта во вените, губиток на мускулна пумпа, зголемено згрутчување на крвта и оштетување на зидот на крвните садови, настанува создавање на тромби во крвната циркулација која може фатално да […]
Третман конзервативен
Прв чекор во лекувањето на проблемите со `рбетот е нехируршки третман. Овие третмани може да вклучат медикаментозна терапија, контрола на болката, имобилизација или физикална терапија. Сите овие услуги се достапни во Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Пристапот во дијагностиката и лекувањето на спиналната патологија секогаш е мултидисциплинарен. Ова е дел од тимот на […]