TAVI – замена на срцевиот залисток без рез
TAVI е една од најновите кардиохируршки интервенции со кои се заменува оштетениот аортен залисток без да се отвори градниот кош. Тоа за пациентот значи пократок болнички престој, побрзо заздравување и минимална можност за компликации. По интервенцијата, пациентите немаат потреба да пијат антикоагулантна терапија. Повеќе информации за оваа револуционерна интервенција ни кажува проф. д-р Александар Николиќ, […]
Што е ERCP?
Златен стандард во дијагноза и третман на болести на жолчното кесе, жолчните патишта и панкреасот ERCP (ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија) претставува неоперативна инванзивна ендоскопска процедура која се користи за дијагноза и третман на заболувања на жолчното кесе, жолчните патишта и панкреасот (билиарно-панкреатичниот систем). Д-р Димитар Трајков, гастроентерохепатолог, вели дека во последната деценија ERCP примарно се користи […]
Чир на желудник и дванаесетпалечното црево
Најчест симптом е печење или болка во пределот помеѓу градите и стомакот. Типично болката е поинтензивна кога желудникот е празен, а може да трае од неколку минути до неколку часа. Чирот на желудникот и дванаесетпалечното црево (дуоденум) претставува ограничено оштетување на слузницата која е во постојан контакт со желудочната киселина и ензимите. Самото оштетување може […]
Прееклампсија – зошто е важно да ја откриете на време!
Прееклампсијата е сериозна компликација што се јавува во текот на бременоста, најверојатно како последица на одредено нарушување во постелката и претставува сериозна закана за намалување на дотокот на крв од мајката до плодот. Д-р Даниела Јованова, гинеколог-акушер, вели дека вообичаено се јавува по 20. недела од бременоста, но не е исклучено да се појави и […]
Хируршки третман на повторувачка нестабилност на рамениот зглоб
Повторуваната луксација (исчанчување) на рамениот зглоб е честа повреда, настанува како последица на траума и најчесто анатомски дефицит (недоразвиеност или дефект од повторувачки повреди) на одредени структури на рамениот зглоб. Во најголем процент случаи се работи за предна луксација на рамениот зглоб. Д-р Борислав Илиев, хирург ортопед, вели дека важен дел за поставување на дијагнозата […]
Прецизна дијагноза и третман на тумори на дојка во почетна фаза
Биопсија со маркирање водена под ултразвук и мамографија. Хируршката биопсија со претходно маркирање под контрола на рендгенолошка метода претставува тимски процес. Оваа постапка претставува безбедна и прецизна метода која овозможува отстранување на бенигни туморски маси, а се користи и за прецизна дијагностика на малигна болест во претклиничка фаза, кога лекувањето е наједноставно а резултатите од […]
Aбдоминална хирургија без рез
Брзо заздравување, скратено време на хоспитализација, помала болка и подобри резултати во споредба со класичните хируршки методи се клучните предности на лапароскопската абдоминална хирургија. Лапароскопската хирургија денес спаѓа во рутинска процедура во сите референтни хируршки центри во светот. Оваа хирургија е златен стандард во третманот на голем број абдоминални заболувања и состојби. За примената на […]
Фетална ехокардиографија – скрининг за најрано откривање срцеви аномалии кај фетусот
Ако порано се сметало дека фетална ехокардиографија треба да се направи кај трудници кај кои постојат ризик-фактори за можна срцева аномалија на фетусот, денес статистичките податоци од бројни референтни кардиолошки и кардиохируршки центри во Европа и Америка укажуваат дека порастот на срцевите аномалии е во тренд и тоа кај здрави трудници кои имаат нормална бременост […]
Прекумерна изложеност на сонце – ризик за канцер на кожа
Малигните тумори на кожата се на прво место по честота од сите видови малигноми кои се јавуваат кај човекот. Тие значително почесто се јавуваат на непокриените делови на телото. Д-р Илија Мостров, пластичен хирург, вели дека во настанувањето на карциномите на кожата влијаат повеќе фактори: сончевата светлина, јонизирачкото зрачење, органските и неорганските масла, смоли и […]
Како полесно да се изборите со цревните инфекции
„Високите температури придонесуваат за полесно и побрзо размножување на бактериите, вирусите и цревните паразити, кои најмногу ги напаѓаат бебињата и малите дечиња со сè уште недоразвиен имунолошки систем. “ Најчеста причина поради која родителите ги носат своите дечиња во ординациите се инфекциите. Најголем процент од нив се вирусните респираторни инфекции. Но, кога станува збор за […]