Интервју со доц. д-р Андреј Петров – И само половина до еден час на силно сонце е доволно да изгориме
Д-р Петров, УВ индексот веќе е со вредност 9. Што значи тоа – За колку минути кожата може да изгори на директна изложеност на сонце, и доколку сме без заштита? Д-р Петров: – И половина час до еден час на силно сонце, е доволно за да изгориме. Македонија е земја со многу сонце и нашето […]
Што се случува во нашето тело при покачен крвен притисок?
Хипертензија или висок крвен притисок преставува голем здравствен проблем. Најчесто се јавува кај повозрасната популација, но со модерниот начин на живот, исхрана, стрес сè почесто од оваа болест заболуваат помладите.
Што предизвикува хипертензијата?
Нормалниот крвен притисок се движи до 120/80, доколку резултатите ја поминуваат оваа граница, со тек на време можат да укажуваат на хипертензија. Во повеќето случаи главната причина за хипертензија не е позната. Повисокиот број односно (систолен) го покажува притисокот додека чука срцето, а понискиот број (диастолен) го мери притисокот во паузите помеѓу отчукувањата. Понекогаш, заболувањата во бубрезите или надбубражната жлезда можат да доведат до хипертензија.
Магнезиум за здраво срце
Калиумот е важен за здравјето на мускулите, но дали знаете дека магнезиумот е важен за здравјето на срцето? Тој е есенцијален минерал кој помага и за здравјето на коските, нервите и мускулите, како и за контрола на шеќерот во крвта. Освен овие придобивки, магнезиумот е од суштинско значење за срцевиот ритам и одржување на нивото на крвен притисок.
Зошто пливањето е идеален спорт за секое дете?
Пливањето претставува единствената физичка активност со која треба да се запознае секое дете уште во најраната возраст. Тоа е спорт кој се изведува во вода, и буди убави и среќни емоции кај децата. Насекаде во светот пливањето е задолжителен предмет во основното образование, кој овозможува кај децата да се развијат и усовршат пливачките техники, а воедно и да се оспособат децата сами да се одржуваат на вода.
Консумирајте свежо сезонско овошје
Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Многумина се сведоци дека лошите навики не е лесно да се сменат. Полесно е да посегнеме по нешто што набрзина ќе нè засити, нешто што ќе го подготвиме за десетина минути, не размислувајќи колку лоша услуга си правиме, особено кога се во прашање нашите деца. Или секој нареден пат си велиме – само уште денес, немам време во моментов за да приготвам нешто здраво.
Трансплантација на коскена срцевина
Новите трендови на трансплантација на коскена срцевина се со цел да се елиминира потребата од комплетно совпаѓање на кoскената срцевина меѓу донорот и примателот. Во таа насока, од голема важност се истражувањата од областа на клеточниот инженеринг. И покрај тоа што примарниот услов за успешни трансплантации на матични клетки, (кои сè уште се нарекуваат трансплантации […]
Кога е неопходно отстранување на јајчниците?
Отсуството на еден јајчник воопшто не влијае на квалитетот на животот на жената. Вадењето, пак, на двата јајчника, особено во помладата возраст доведува до вештачка менопауза и појава на голем број хронични заболувања, меѓу кои најчести се болести на кардиоваскуларниот систем, остеопорозата, артритисот, депресијата, хронични белодробни заболувања, а влијаат и на сексуалниот живот поради сувоста […]
IMRT – радиотерапија со модулиран интензитет
Еден од главните модалитети на акцелераторот TROLOGY, со кој располага Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“ е (IMRT) интензитет модулирана радиотерапија. Д-р Дева Петрова, онколог, вели дека благодарение на оваа техника, квалитетот и прецизноста на зрачниот третман се подигнати на највисоко ниво. IMRT овозможува прецизно планирање на дозата во целниот волумен. „IMRT техниката […]
Максилофацијална хирургија хирургија на лицето, вилиците и вратот
Повредите и заболувањата во пределот на лицето, вилиците и вратот се сериозни состојби пред сè поради нивната анатомска поставеност. Тука се сместени многу различни ткива и органи со важни витални функции како што се дишењето, говорот, голтањето и џвакањето, кои го обезбедуваат опстанокот на човекот. Максилофацијалната хирургија е специјалност што вклучува дијагностицирање, хируршко лекување и […]
Електромионеврографија златен стандард во третманот на невромускулни болести
Електромионервографија (ЕМНГ) е процедура што се состои од два ентитети, ЕМГ- електромиографија, служи за испитување на електричната активност на мускулите и ЕНГ- електроневрографија со која, пак, се испитува електричната активност на нервите. Невролозите д-р Милчо Демерџиев и д-р Марија Гашоска објаснуваат дека електромионеврографија е дијагностичка, но и прогностичка метода што се изведува со апарат електромиограф, […]