Имате дијабетис? 5 совети за среќни стапала
Доколку имате дијабетес сигурно знаете колку лесно можете да ги повредите вашите стапала – без да сте свесни за тоа. Повредата на нервите кај заболените од дијабетес може да предизвика вкочанетост во вашите екстремитети и кога нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми, се намалува способноста на телото да се бори против инфекција или да ја излекува раната. Доколку не ја забележите повредата и навремено не ја третирате, раната на стапалото кај луѓето заболени од дијабетес може да предизвика сериозни медицински проблеми.
Најголемите ризици за машкото здравје
Голем број истражувања покажале дека жените обрнуваат повеќе внимание на сопственото здравје, почесто одат на лекар и со самото тоа подолго живеат. Посилниот пол своето здравје секогаш го става на последно место на приоритети и последното нешто што им паѓа на ум е посетата на доктор. Се додека работат и се продуктивни, тие воопшто не размислуваат за сопственото здравје. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ви ги откриваат 6 најголеми ризици за машкото здравје.
Најсовремен третман на карцином на дојка
Карциномот на дојка е дијагноза од која стравуваат речиси сите жени. Причина за стравот е статистиката, која вели дека карциномот на дојка се дијагностицира кај една од осум жени. Како и за секое малигно заболување, така и за карциномот на дојка од особено значење е раното откривање нa болеста. Пациентките во прв и во втор стадиум на болеста, кога таа е локализирана во дојката и има зафатено помал број регионални лимфни јазли, имаат поголема шанса за излекување, за разлика од пациентките со понапреден стадиум, вели д-р Дева Петрова, онколог во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.
Пенилни протези – Трајно решение за еректилна дисфункција
Пенилните протези се користат за постигнување и одржување на ригидност на пенисот со што се овозможува нормален сексуален однос. Основна индикација за вградување на пенилни протези претставува трајно губење на ерекција. Причини за еректилна дисфункција Најчести причини кои доведуваат до губење на еректилната функција се : шеќерна болест (дијабетична васкулопатија и неуропатија), невролошки заболувања (церебрално […]
ХИПОСПАДИЈА – Вродена аномалија на урогениталниот систем
Хипоспадија е една од најчестите вродени аномалии на урогениталниот систем кај машките деца. Хипоспадијата се лекува хируршки меѓу 12 и 18-месечна возраст. Кај тешките форми на хипоспадија придружени со искривување на пенисот и неспуштени тестиси третманот е посложен. Последниве години во медицинските центри со големо искуство во оваа проблематика процентот на компликации е сведен на […]
Интервју со проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ светски уролог и детски хирург
Што значи хипоспадија и зошто во последниве години е во забележителен пораст меѓу машките деца? Хипоспадија е една од најчестите вродени аномалии кај машките деца и се јавува во просек кај едно машко дете во 200 живородени машки родени. Многу честа аномалија на машките полови органи и она што е интересно е дека ако не […]
Дочекајте ја зимата подготвени
Доаѓа зимата, а со неа и вирозите и настинките. На прашањето „како да го избегнеме докторот оваа сезона“ едноставно може да се одговори со „зајакнете го имунитетот“ . Превенцијата е најдобрата стратегија во студените зимски денови. Во зима треба да преземете конкретни чекори за да ја зголемите енергијата и да ги избегнете болестите. Дочекајте ја […]
Позитивно влијание на масажата
Масажата се практикува веќе илјадници години. Постои голем број на масажи кои со широк спектар на притисоци, движења и техники влијаат позитивно на телото и здравјето. Катерина Илиеска, физиотерапевт, во продолжение ги објаснува најчестите масажи и во кои цели се користат. Медицинска масажа Медицинската масажа е најстара манипулативна техника и во денешно време е неизбежна […]
Остеопороза – „тивок крадец“ на коскеното ткиво
Остеопороза е заболување на коските што ги намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скелетот на пациентот со остеопороза станува подлoжен на скршеници кои може да се случат и при најмала траума или поголемо оптоварување на коските, незгодно движење или потпирање, дури можно е да настанат и како резултат на притисок од сопствената тежина. Од […]
Ласерска епилација
Заеднички проблем на сите жени се несаканите влакна. Оваа тема е подеднакво актуелна и кај мажите кои сè почесто ги применуваат најновите методи за нивно отстранување. Со д-р Весна Пљакоска, специјалист дерматовенеролог во Ласер Центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, разговараме за ласерската епилација – револуционерна метода со која се постигнува трајно отстранување на влакната. Современата медицина сè […]