Вашето малечко тргна во градинка – Совети за родителите
Моментот кога вашето малечко тргнува во градинка или училиште претставува една од најголемите и први промени кои се случуваат во неговиот животот. Како за детето така и за неговите блиски, овој чин предизвикува голем стрес. Затоа неопходно е детето да биде подготвено за тоа, особено доколку може да биде планирано, односно ако не мора поради […]
Д-р Оливер Јовковски – Здравјето нe прашува дали пушиме активно или пасивно!
Тренд, каприц или зависност тивкиот убиец, не само што предизвикува штета на оние кои директно го консумираат туку и на оние кои случајно или неслучајно се нашле во близина на пушач. Митот за пасивното пушење сепак е повеќе од мит. „Долготрајната изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот од појава на карцином на белите дробови, […]
Кога вашето дете треба да се оперира?
Хируршките интервенции кај децата најчесто се поврзани со вродени аномалии. За дел од нив е потребна итна хируршка интервенциja, додека за други може да се почека додека детето да дојде до одредена возраст. За најчестите заболувања во детската хирургија одговор ни даде д–р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија.
Стапедектомија – повторно враќање на слухот
Стапедектомија е хируршка процедура која се изведува во локална или општа анестезија, со помош на оперативен микроскоп. Д-р Владимир Јекиќ, оториноларинголог, објаснува дека современата стапедектомија има висока стапка на успешност од 90%. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и […]
Интензивна нега – шанса за живот за критични пациенти
Одделот за интензивна нега е еден од најважните сегменти во една современа и голема болница како што е Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На Одделот за интензивна нега се третираат пациенти кои имаат болести, повреди или компликации кои се опасни по нивниот живот. Оваа специфично организирана единица е екипирана со специјален тим на високо обучени и диференцирани професионалци кои постојано, 24/7, го следат пациентот и во секој момент се подготвени да го спасат животот на критично болниот.
Најчести причини за хроничен замор
Недостигот на сон не е единствената причина поради која луѓето се чувствуваат изнемоштени и заморени. Еве неколку лоши секојдневни навики кои ви ја одземаат енергијата.
Каменчиња во уринарниот систем
Уринарните каменчиња се трето најчесто заболување на уринарниот тракт, по уринарните инфекции и болестите на простата. Најчесто се јавуваат кај мажите на возраст помеѓу 40. и 60. година. Тие се една од причините за појава на болка во бубрезите која се смета за една од најсилните болки (колики). Дури и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето. Голем број клинички студии докажале дека под зголемен ризик за појава на уринарни каменчиња се лицата со поголема телесна тежина и лицата кои не внесуваат доволно течности (вода) во организмот.
Со еден чекор до бујна коса
Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде д-р Андреј Петров од Одделот за дерматологија.
5 методи кои ја враќаат надежта за бебе
Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.
Како да се заштитите од сончаница и топлотен удар?
Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? – одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.