Болка во колкот како последица на инфекција
Акутното воспаление на внатрешната обвивка на колкот (синовија) при која се собира поголема количина на зглобна течност е една од најчестите причина за болка во колковите кај децата. Зголемената количина на течност во зглобовите води до зголемен притисок на тоа место и затоа се јавува и болката.Се јавува на возраст од 3-10 години, и тоа двојно почесто кај машките отколку кај девојчињата. За среќа, станува збор за минлива состојба која не остава никакви последици.
Најчести прашања за горнореспираторните инфекции
Горнореспираторните инфекции (ГРИ) се најчестата причина поради која пациентите се јавуваат кај својот матичен доктор. Истовремено се и најчестата причина за отсуство од училиште или работа. Горните делови на респираторниот систем ги вклучуваат следните органи: носните канали, ждрелото, крајниците, синусите и горните делови од дишната туба.
Како да ја негувате сувата кожа во зима
Сува кожа е проблем со кој се соочува голем дел од луѓето, но зошто најчесто сувата кожа се јавува во зима? Ладното време и ветерот може да ја влошат состојбата на вашата кожа, која и немала досега проблеми. Во овој период проблеми со сувост на кожата може да се очекуваат во секоја возраст, почнувајќи од најмалите.
Сувите делови најчесто се манифестираат на дланките и нозете. Предизвикува чешање кое честопати е со толкав интензитет што ги нарушува дневните активности и спиењето. На местата кои се суви, поради честото чешање кожата се задебелува и станува груба. Најнепријатната состојба се појавата на пукнатини на кожата кои се болни. Сувата кожа може да предизвика и воспаление на кожата – дерматитис. Во тој случај се појавува и црвенило на кожата. Оштетената кожа може да биде влезна врата за инфекции па како компликација може да се јави и бактериска инфекција. Во вакви случаи мора да се јавите на дерматолог и да ја третирате кожата.
Kако да изгубите килограми и во зима
Зимскиот период е познат по наталожување на килограмите, особено во празничните денови. Во овој период вообичаено имаме помалку желба за секојдневните активности, особено за рекреација. Но, за љубителите на зимските спортови рекреацијата во студените денови е многу подобра отколку во летниот период. Ви даваме предлог како да ја одржувате телесната тежина и кога температурите се под нулата.
Како да го заштитите детето од чести инфекци?
Ризикот од инфекциите за детето при престој во градинка или училиште, треба да се очекува дека ќе се разболува почесто отколку порано, особено во тек на првата година или две по поаѓањето.
“He постои волшебна формула која ќе го засили имунитетот на детето и ќе го штити од можни инфекции”, вели д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.
“Менталната и моторната зрелост на детето е важен фактор за полесната адаптација на новите услови, па така и развојот на имунитетот и отпорноста кон инфекции се наголемува со растењето, односно како детето расте така станува се повеќе отпорно кон инфекциите”, вели д-р Фидановски.
Повторно ве боли грлото?
Најверојатно, не постои личност која досега не почувствувала болка или гребење во грлото. Усната празнина и грлото се први на удар од вирусите, бактериите или туѓите тела. Токму преку нив тие влегуваат во нашиот организам и затоа болката во грлото е првиот симптом на инфекција на усната шуплина, грлото, гркланот или воспаление на крајникот. Оваа болка може да се појави и поради подолготрајно иритирање на дишните патишта поради пушењето, ’рчењето, алкохолот или алергиска реакција.
6 навики кои треба да ги правите откако ќе се разбудите
Почетокот на денот е клучно за тоа како ќе се одвиваат работите и колку енергија ќе имате за секојдневните обврски. Дали сте знаеле дека пиењето кафе наутро ви ја одзема енергијата? Доколку сакате да се разбудите среќни и полни со елан за новиот ден, практикувајте ги овие 6 совети.
Симптоми кои треба да се следат по повреда на глава
Како да се препознае која повреда на главата е опасна, односно кои се симптомите што укажуваат дека треба да се бара лекарска помош? Главен симптом е губење на свеста, од неколку секунди до еден час. Можно е кај децата да се јават повраќање, раздразливо однесување или плачење. При пад на глава, кај децата најчесто се јавува и повреда на меките ткива на главата, и тогаш се јавува хематом или џумка. Можно е при пад или удар на главата да се повредат коските, и тие повреди може да бидат во вид на линија, коската да е расцветана или да се појави вдлабнување. Овие фрактури може да бидат опасни, оти е можно крвавење над мозочната обвивка, а можна е фрактура и на основата на черепот, каде што може да дојде и до инфекција на мозочното ткиво или менингитис.
Кога крвавењето од носот е сериозен симптом
На секого од нас барем еднаш му се има случено да има крвавење од носот. Но, доколку тоа се случува почесто треба да се консултирате со вашиот доктор. Една од причините за крвавење од носот може да биде и состојбата наречена наследна хеморагична телеангиектазија. Покрај крвавењето од носот, други придружни симптоми се и појава на црвени точки на лицето, усните и екстремитетите. Овие пациенти имаат абнормални крвни садови, па како резултат на тоа доаѓа до чести крвавења.
Зошто ми отекуваат прстите на рацете?
Дали сте забележале наутро дека се будите со отечени прсти? Причина за ова може да бидат голем број состојби, но, сепак, потребно е да дознаете која е вистинската причина, дали е сериозна и како да си помогнете. Ова се најчестите состојби кои предизвикуваат отоци.