Метастатски карцином на простата
Поимот метастаза го опишува процесот кога карциномот се шири надвор од местото каде што започнал. Кога карциномот на простата ќе се прошири и низ другите делови од вашето тело, докторите велат дека тој метастазирал. Според теоријата, карциномот на простата може да се прошири во сите делови на телото, но во пракса повеќето случаи на овој карцином даваат метастази во лимфните јазли и коските. Опциите за третман се исти како карцином на простата, освен кога е направена хируршка интервенција за отстранување простата. Метастатскиот карцином на простата претставува најпреданата форма на карцином, може да се третира и контролира, а со тоа да го олесни животот на луѓето. Повеќето мажи со напредната форма на карцином на простата живеат нормален живот со години. Целта на третманот е умешно да се управува со симптомите и да се забави процесот на растење на карциномот.
Прочитајте што содржи храната пред да ја купите
Етикетите не се првото нешто што го забележуваме кога одбираме производ. Ситни букви, мала етикета, залепена на не толку видливо место па сосема е разбирливо и да ја пропуштиме. Голем број од нас и не разбираат што пишува на етикетата и не знаеме како да ги разбереме нутритивните вредности на производот. Други, пак, не ги ни интересира што пишува. Но, етикетата е местото каде што можете да прочитате што всушност ќе јадете. Какви состојки има, колку шеќер содржи и други важни информации за производот. Да не заборавиме дека тука имате и информација за условите кои треба да ги обезбедите за да не се расипе производот, како што е температура на чување.
Пет сериозни компликации при нерационална употреба на антибиотик
Земањето антибиотици на своја рака може да има последици за кои сигурно не сте ни помислиле. Дали сте знаеле дека несоодветната употреба може да доведе до бубрежна слабост и сериозно оштетување на црниот дроб?
Мажите и жените се разликуваат и во срцето
Женското срце од секогаш се сметало за почувствително и поранливо за разлика од машкото срце. И всушност тоа е точно. Женското срце е помало, почувствително на промени и потешко го издржува инфарктот за разлика од машкото срце. И покрај тоа што се смета дека срцевите болести се однесуваат на мажите, половина од жените над 40 години во светот умираат како резултат на кардиоваскуларно нарушување.
Со помош на говорните протези пациентите повторно можат да зборуваат
Целосното отстранување на гркланот кај пациентите со карцином на грклан остава низа последици кај пациентот, а според д-р Љирим Демири најтешка последица е трајно губење на гласот. Но, за среќа, во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување говорни протези, кои се изработуваат единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Најчести прашања поврзани со операција на срцето
Кардиохируршките интервенции се едни од најсложените операции. Со зголемување на бројот на кардиоваскуларните заболувања, операциите на срце бележат значителен пораст на светско ниво. За многу пациенти кои се во очекување да бидат оперирани, како и за оние кои не се осмелиле да се јават кај кардиохирург поради страв дека ќе им биде предложено хируршко лекување им даваме одговор на најважните прашања кога станува збор хируршка интервенција на срцето.
Прва помош при настинка
Затнат нос, болки во мускулите, слаб апетит… и сето тоа трае со денови. Последните истражувања велат дека лукот, ѓумбирот и пилешката супа се првиот избор за помош при настинка. Прочитајте ги нашите совети како најбрзо и наједноставно во домашни услови да си помогнете и да го зајакнете имунитетот.
Кога отоците во менопауза се сериозен знак?
Постојат голем број симптоми кои се заеднички кај жените во периодот на менопауза. Изостанокот на менструалниот циклус е резултат на промените во хормоните, а ваквата промена пак се одразува преку бројни промени во женското тело. Една од нив е склоноста на телото за задржувањето на водата. Не кревајте паника, станува збор за состојба која нема да предизвика дополнителни нарушувања, но важно е да знаете кога е потребно да разговарате со доктор.
Совети за исправена положба на телото
Дали сте забележале дека додека си пишувате со пријателите на телефон, главата постојано ја држите наведната надоле и го искривувате вратот? Дали сте забележале каква ви е положбата на телото додека седите на работното место? Ова се само дел од навиките кои несвесно го оштетуваат `рбетот. Прочитајте ги нашите совети за правилна положба на телото.
Навики кои ги оштетуваат забите
Грижата за забите треба да започне од најмала возраст. Од мали децата треба да се научат да практикуваат навики кои нема да ги оштетат забите. Но, колку од нас ги практикуваат, или она што е поважно, колкумина од нас несвесно во текот на денот практикуваат навики кои се штетени за забите.