Зголемени вредности на триглицеридите
Триглицеридите се тип на масти во крвта кои телото ги користи за енергија на мускулите. Зголемените триглицериди во крвта го зголемуваат ризикот за појава на срцеви заболувања, а честопати може да биде и знак за нарушување во метаболизмот. Вредностите на триглицеридите може да го дознаете на едноставен начин преку анализа на крвта.
Децата лесно може да дехидрираат на плажа
И покрај тоа што се опкружени со вода, децата најлесно може да дехидрираат додека си играат на плажа. Доколку ги оставите на себе, децата може цел ден да си играат на песокот или покрај базенот. Прочитајте неколку совети како да го спречите сериозното губење течности за време на летниот одмор.
Дијабетично стапало
Артериите се како дрво. Аортата е стеблото што се разгранува на сè помали гранки и завршува со гранчиња на листовите. Артериосклерозата како процес на таложење масни материи и калциумови соли го зафаќа стеблото, големите гранки сè до гранчињата на листовите, а шеќерната болест ги уништува гранчињата на листовите. Според д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кај долгогодишни пациенти со шеќерна болест настанува уништување на крвните садови, односно гранчињата на листовите, и настанува дијабетична ангиопатија. Сето ова доведува до намалување на исхраната на ткивата на периферијата.
Што може да го оштети слухот?
Гласната музика која доаѓа од вашите слушалки е само една од секојднeвните навики која може да резултира со оштетување на слухот. Тумори, лекарства, трауми на главата… дознајте ги главните причини за намалување на слухот.
Храна која ги поттикнува концентрацијата и работата на мозокот
Точен е фактот дека со стареењето се намалува менталната активност на мозокот а заедно со тоа доаѓа и до намалување на концентрацијата, помнењето и фокусирањето. Не можеме да му се спротивставиме на времето и природните процеси, но секако дека можеме да влијаеме ваквите промени да бидат со намален интензитет и да го подобриме квалитетот на живот. Воведувањето на долунаведените храна и пијалаци се докажани сојузници за зачувување на виталноста на мозокот.
Прва помош при срцев удар
Подолго време по социјалните мрежи се споделуваат различни препораки за тоа како да си помогнете при појава на првите знаци на срцев удар. Споделената препорака е да се почне со брзо и длабоко кашлање, кое треба да го одржи во свест пациентот и да му помогне да ја преживее кризата. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, вели дека во реалниот живот, оваа состојба се развива брзо и пациентот нема време за реакција. Прочитајте ги неговите стручни совети за прва помош при појава на знаци на срцев удар.
„Исклучително важен е периодот од почетокот на срцевиот удар до првиот контакт со доктор, односно поставување на дијагнозата срцев удар. Во првите часови од почетокот на срцевиот удар, најголема опасност се т.н. живото-загрозувачки пореметувања во работата на срцето како изразито бавна срцева работа или изразито брза срцева работа.“ вели д-р Бушљетиќ.
Естетски третмани за здрава и сјајна кожа пред и по летниот одмор
Тајната на сјајот на вашето лице се крие во здравиот и младешки изглед, кој во естетската дерматологија се постигнува со безбедни процедури и внимателен индивидуален пристап. Комбинацијата на витамински коктели и хијалурон пред одмор и дополнително хемиски пилинг по завршување на одмор, за кратко време водат до феноменални резултати.
Хемиските пилинзи помагаат во отстранување на изумрените клетки и поттикнување на епидермисот за создавање на нови, додека витаминските коктели и хијалуронот прават оптимално дополнување во потребите за здравјето и негата на кожата.
Причина за болка во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените
Болката во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените е честа болка и може да потекнува од повеке органи кои се сместени во долниот дел на стомакот и малата карлица. Во многу случаи тешко е да се дијагностицира потеклото на болката, но најчесто е предизвикана од уринарниот систем, цревата или репродуктивниот систем (матката, јајчниците или јајцеводите). Болката често започнува во слабините и се шири во долниот дел на стомакот-лево или десно од папокот и во препоните и може да биде со различен интензитет и времетраење.
Добрите страни на јадењето навечер
Добро познато е златното правило за диета, а тоа е да не јадете навечер. Или обратно, доколку сакате да ја зголемите телесната тежина треба да јадете доцна навечер. Бројни истражувања велат дека јадењето одредена храна во текот на ноќта, всушност, може да го забрза метаболизмот и да ви помогне во идејата за постигнување идеална телесна тежина.
Како да го зачувате црниот дроб
Црниот дроб е најголемата лабораторија во човековиот организам, сместен во стомачната празнина под десниот ребрен лак, заштитен со мускулно-скелетни структури. Крвта до него доаѓа од два извора, артериска крв и крв од ,,порталниот крвоток“, преку кој крвта од цревата богата со сите добри и лоши состојки кои сме ги внеле со храната оди на обработка во црниот дроб. Работата на црниот дроб е од суштинско значење за варење на храната и ослободување на телото од токсини.