Прва помош при убод од комарец  

Ќе се согласите дека комарците се неизбежно зло во летните ноќи. Посебно е проблематично следното утро кога ќе го видите убодот од комарецот и ќе почнете да се чешате. Црвениот круг кој се јавува на местото на убодот е всушност блага алергиска реакција. Прочитајте неколку брзи и едноставни совети за прва помош при убод од комарец.

Навики кои ги „кршат“ вашите коски

Сте помислиле ли како вашите навики делуваат на здравјето и виталноста на коските? Дали само со една промена може да направите голем чекор кон подобрување на нивната цврстина, или, пак, само една лоша навика може да доведе до слабеење на коскеното ткиво.

Поттикнете го детето да учи и за летниот распуст

По напорната учебна и работна година, дојде време за одмор кој вие и вашите деца подеднакво го посакувавте. Одмор од училишни распореди, станување рано и пишување домашни задачи, но тоа не значи дека децата учењето треба да го стават на пауза до септември.

Лубеницата – моќен антиоксидант и чувар на срцето

Лубеницата во најголем процент содржи вода, дури 92%, a содржи и изненадувачки многу хранливи состојки. Со секое парче лубеница внесувате значително количество витамин А, Б6 и Ц, ликопен, антиоксиданси и аминокиселини. Лубеницата не содржи масти а има многу малку сол па затоа е и идеален избор за летниот период.

Кожа чувствителна на УВ зраци

Чувствителноста на сонце, или фотосензитивност, е реакција на кожата на ултравиолетовите зраци.  Еден тип реакција е фототоксична реакција, која се јавува кога УВ зраците реагираат со заштитното средство нанесено на кожата при што се формира хемиска супстанца што ја оштетува кожата. Главен симптом на чувствителноста на кожата на овие зраци се изгореници, кои се јавуваат веднаш или неколку часа по изложувањето на сонце на местата кои биле директно изложени на овие зраци.

Супермоќта на какаото

Кафето е ритуал од кој тешко се откажуваме. Но, откако ќе ги прочитате позитивните ефекти на какаото, кое се смета за моќен антиоксиданс на 21 век, ќе посакате барем една шолја кафе да ја замените со овој супер пијалак.

Што го поттикнува прекумерното потење

Секој човек различно ги ослободува вишокот токсини преку потењето. Одредени луѓе се потат премногу дури и при лесна физичка работа, други, пак, воопшто не се потат и по возење со велосипед или тренинг. Прочитајте што го предизвикува потењето и како да го намалиме прекумерното потење. 

Клима уредот треба да ја излади просторијата, а не вас

Во пеколните горештини влегувањето во изладена просторија ве опушта. Веднаш штом влезете во вашиот дом се фаќате за далечинскиот управувач на клима уредот. Но при ниски температури, климата може да ве разболи. Во летниот период значително се зголемува употребата на клима уредите. И веќе, речиси во секој дом, работно место, автомобил се наоѓа клима уред. И ние имајќи корист од трите, целиме да оформиме синџир од клима уреди и колку што е можно без прекин да го поминеме нашето време во изладен простор.

Совети за рамен стомак на плажа

Понекогаш се потребни неколку мали промени на навиките кои може да дадат извонредни резултати. Доколку имате проблем со варењето на храната, имате болки и надуеност на стомакот во текот на целата година, пробајте да направите мали промени во текот на летото. Со овие неколку совети ќе успеете да ја намалите надуеноста на стомакот и ќе се чувствувате лесно и удобно во костумот за капење.