Пијалаци дозволени за лицата со дијабетес

Поголемиот дел од лицата со дијабетес може да консумираат одредени видови на алкохол. Она што е важно е пиењето да биде во умерени дози и да се внимава на составот на пијалакот. Во денешно време, постојат пијалаци кои содржат алкохол а не содржат премногу шеќер, па се дозволени за лицата со шеќерна болест. Пред да посегнете по било кој алкохол, треба да бидете запознаени како тој влијае на нивото на  шеќер во крвта.

Пушењето ги влошува симптомите на киселини во желудникот

Ги послушавте советите на лекарите, ја избегнувате храната која вообичаено ви прави киселини, ја намаливте тежината, спиете со благо поткрената перница и, сепак, имате проблеми со киселини во желудникот. Но, дали ги откажавте цигарите? Новата голема студија покажала дека пушачите имаат поголема шанса за појава на киселини отколку непушачите.

Кофеинот лекува, но и предизвикува главоболка

Секој од нас одвреме-навреме се жали на главоболка. Сте размислиле ли дали кофеинот може да биде причина за главоболката или, пак, дека токму кофеинот ви помага да се ослободите од напнатоста? Истражувањата покажале дека кофеинот има двојна улога, помага, но може да биде и причина за главоболка.

Најдобар начин да го победите меланомот е да ги знаете симптомите

Како и кај сите карциноми, и кај меланомот, раното откривање ги зголемува шансите  за добра прогноза и третман. Во најголем дел од случаите, карциномот на кожа се лекува доколку навреме се дијагностицира. Затоа, најдобро решение е да правите редовен преглед на вашето тело. Погледајте ги сите бенки на вашето тело и забележите доколку има било каква промена.

Анемија – причина за недостиг на кислород на организмот

Анемија е состојба која се јавува кога крвта нема доволно црвени крвни клетки (еритроцити) или хемоглобин. Хемоглобинот претставува главен составен дел на црвената клетка чија улога е да го носи кислородот до клетките. Затоа, доколку имате намален број црвени крвни клетки или намалени вредности на хемоглобинот, клетките во вашето тело нема да бидат во можност да добиваат доволно кислород.

Што се случува со телото кога не спиеме доволно

Правилната исхрана, вежбите и сиот напор што го вложувате во здравјето нема да дадат видливи резултати доколку не е придружено со здрав и добар сон од најмалку 7 часа. Ставете го сонот како приоритет бидејќи само добро одморен организам може да функционира здраво.

Витаминот Д и вашето здравје

Ќе се согласите дека би било одлично доколку само со внесувањето на еден витамин можете да изградите цврсти коски и да се борите против малигните болести, дијабетесот, срцевите болести и депресијата. Или едноставно да ви помогне да го намалите вишокот тежина? Еден од витамините кои делуваат позитивно во горенаведените состојби е витаминот Д, чие создавање во нашиот организам го поттикнува сонцето, а може да го добиеме и преку исхраната и разни суплементи/додатоци во исхраната.

Како да си помогнете доколку имате чувствителна кожа

Дали ви претставува вистински проблем да одберете крема за лицето? Честопати имате реакција по користење на нов  производ за козметика? Доколку се сомневате дали имате чувствителна кожа, поставете си ги следниве неколку прашања:

Дали предолгото седење го зголемува ризикот од канцер?

Прекумерното седење и неактивност доведува до појава на обезност, која го зголемува ризикот од појава на одреден тип канцер. Неодамнешна студија која опфатила 70.000 пациенти со канцер покажала дека луѓето кои поминуваат поголем дел од времето во седење имаат поголем ризик за развој на ендометријален, канцер на дебелото црево и канцер на белите дробови.