Хламидијата – сексуално пренослива болест

Хламидијата е една од најчестите сексуално преносливи болести. Бидејќи не дава симптоми, инфекцијата брзо се раширува преку сексуални односи. Се смета дека инфекцијата со хламидија не дава симптоми кај 75% од мажите и кај 50% од жените.

5 едноставни совети при воведување оброк кај бебето

Воведувањето на храна кај бебето е една од најстресните состојби на мајките. Периодот пред да се започне со цврст оброк, мајките се бомбардираат со информации кога и како да започнат со првиот оброк и која намирница да биде прв избор. Најголемиот страв е дали бебето ќе ја прифати храната, дали ќе знае да ја голтне, како да знаат кога е вистинското време за хранење и уште многу други дилеми.  Главниот проблем е што хранењето станува главна преокупација на мајката, па оттаму и целиот процес на хранење станува стресна состојба. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при хранењето:

Ново истражување – кафето го намалува ризикот од цироза

kafe-ciroza

Деветте изведени студии кои опфатиле дури 430 000 испитаници докажуваат дека пиењето кафе делува поволно врз работата на црниот дроб и доведува до значително намалување на ризикот од развој на цироза.

Појавата на цироза на црниот дроб се јавува како резултат на вирусно заболување (хепатит Б и Ц), а може да се јави и како резултат на прекумерно пиење алкохол и одредени лекарства. Цирозата се развива бавно при што здравото ткиво на бубрегот преминува во сврзно ткиво и како такво не е во можност да ги обработува протеините, хормоните, лековите и токсините. Исто така, се на намалува и способноста за создавање протеини и други супстанци важни за дигестивниот систем и елиминацијата на токсините. Над  еден милион луѓе годишно во светот умираат од оваа болест.

4 прашања и одговори за здраво срце

Дали црното чоколадо го штити срцето?

Според бројни истражувања чоколадото содржи антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат лошиот холестерол LDL да предизвика артериосклероза. Притоа, кардиолозите препорачуваат доколку јадете чоколадо, тоа да биде црно чоколадо. Црното чоколадо е докажано како најкорисно за срцето.

Бобинките – голем бенефит во малите задоволства

Овошните плодови, без разлика од кој вид, го намалуваат ризикот за појава на канцер, срцеви заболувања и воспаление. Иако веќе знаете дека овошјето е идеален избор за здрав организам, новите истражувања зборуваат дека бобинките имаат низа бенефиции и голема нутритивна вредност. Тука спаѓаат јагодите, малините, боровинки, гоџибобинки и сл.

Интересни факти за вашиот дигестивен систем

Дигестивниот систем има клучна улога за вашето здравје. Доколку немате никакви потешкотии, не ни помислувате на начинот на кој функционира дигестивниот систем. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за работата на системот за варење:

Дали канцерот на бубрег го става во ризик и другиот бубрег?

Доколку имате дијагностициран канцер на едниот бубрег не значи дека и другиот бубрег ќе биде зафатен со малигната болест. Главна грижа на пациентите со малигна болест e дали канцерот ќе се рашири и што ќе се случи доколку се случи? За среќа, канцерот на бубрег кај најголем број од пациентите не го зафаќа другиот бубрег.

Висока температура

Висока температура е температура со вредности повисоки од нормалната телесна температура и претставува природен одговор на инфекции. Кога температурата на вашето тело ќе се зголеми неколку степени над нормалните вредности тоа е знак дека вашето тело се бори против инфекции и генерално не е причина за загриженост. 

Кога е вистинско време за пробиотици?

Пробиотиците во денешно време можете да ги најдете на повеќе места. Можете да ги најдете во гранола-барови, јогуртот, житариците и други додатоци во исхраната. Пробиотиците се „добри“ бактерии кои се верува дека делуваат позитивно за целокупното здравје, а пред сè за дигестивниот систем. Пробиотиците се слични со бактериите кои нормално ги има во дигестивниот систем и се борат со бактериите кои прават штета на организмот. Тие сами по себе не претставуваат лек, но имаат голем бенефит за здравјето на децата и возрасните.

Воспаление на панкреасот

Панкреасот е орган локализиран позади желудникот, во горната третина на стомакот. Неговата функција е од клучно значење во разградувањето на храната и во регулирање на метаболизмот на шеќерот во крвта. Ова заболување може да е со релативно лесна клиничка презентација, па сè до тешки облици со животнозагрозувачки компликации. Воспалението на панкреасот може да е акутно, кое настанува нагло и може да трае со денови, и хронично, кое може да перзистира во долг временски период, а многу често претставува и дефинитивна состојба.