И децата имаат главоболки
Кога се споменуваат главоболките најчесто се мисли дека само возрасните се соочуваат со овој проблем. Но, и многу деца имаат главоболки, кои се појавуваат од истите причини како и кај возрасните. Главоболките кај децата се честа причина за консултација со педијатриски невролог. Како и кај возрасните така и кај нив постојат повеќе различни типови главоболки, како периодични главоболки од типот на мигрена или тензиона главоболка (предизвикана од стрес), но и хронични секојдневни главоболки. Симптомите почнуваат најчесто доцна попладне и траат oд 1 до 4 часа. Најголемиот број главоболки во детството не се поврзани со сериозно заболување туку со несоодветен режим на одмор, проблеми во семејството или училиштето, исхрана и физичка активност кај децата.
Празниците може да ви преседнат ако претерате со јадење и пиење
Земањето голема количина храна, особено таа што е богата со сол, и консумација на алкохол во големи количини доведува до нагло скокање на крвниот притисок и самиот тој прави одредени проблеми во здравствената состојба кај луѓето – вели д-р Ковачевиќ
Прославата на новогодишните и божикните празници може лесно да ви преседне ако не внимавате поради претераното консумирање руска салата, прасешко и друга тешка храна, но и ако претерате со алкохолните пијалаци. Лекарите предупредуваат да се јаде и пие умерено.
Бактерии кои ги напаѓаат децата
Стафилококус ауреус, мораксела катаралис и стрептококус пнеумонија се најчестите бактерии кои се наоѓаат во носот кај малите дечиња. Токму овие бактерии се најголем проблем кој ги мачи родителите. Тие се условно патогени, што значи дека не треба и не мора да се лекуваат со антибиотик. Но, во дадена ситуација ако детето се разболи од вирусна болест со што би опаднал општиот и локалниот имунитет во носот, може тие да се намножат повеќе и да претставуваат опасност. Кај 70% здрави деца во носето се наоѓа бактеријата стрептококус пнеумонија. Најголема грешка е кога родителот врз основа на микробиолошиот наод му дава антибиотик, дури и кога се работи за локален антибиотик во носот.
Карцином на бубрези
Како и сите органи во телото така и бубрезите се подложни на малигни заболувања. Иако не се многу чести, истражувањата покажуваат дека расте бројот на пациенти кои заболуваат од малигни заболувања на бубрезите. Статистиките велат дека се јавува кај 3- 5 пациенти на 100.000 или во Македонија годишно се откриваат од 80 до 100 нови случаи. Овој вид карцином најчесто се јавува во понапредната возраст и многу е почест кај машката популација. Постојат два вида карциноми на бубрезите – едниот ја напаѓа кората на бубрегот, а другиот вид ја напаѓа срцевината на бубрегот, одводните каналчиња, бубрежното леѓенче и мочните канали.
Враќање на гласот по карцином на грло
Тотална ларингетомија е интервенција која се прави за да се отстрани карциномот на грло со целосно отстранување на гркланот. Оваа интервенција остава низа последици кај пациентот, а најтешка последица од оваа интервенција е трајно губење на гласот. Но за среќа во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување на говорни протези.
Кога зрачна терапија?
Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот. За тоа кога се користи, кои се предностите на зрачната терапија со современиот линеарен акцелератот Trilogy и што да очекувате од третманот, одговор ни даде д-р Славица Кралева, специјалист по онкологија и радиотерапија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Вирусите ги воспалуваат и мускулите
Вирусите најчесто предизвикуваат воспаление на респираторните патишта. Иако ова е најчесто воспаление, вирусите се “виновни” и за воспаление на други органи и ткива, меѓу кои и мускулите. А кога вирусите ќе предизвикаат воспаление на мускулите, се јавува болка, а децата не можат да стојат и одат, па докторите велат дека тие имаат миозитис.
Дишете преку нос, маските за на уста не се практични
Д-р Јовковски од „Аџибадем Систина“ советува за загадувањето
Најдобро е да се дише преку нос, бидејќи слузницата на носот има многу влакненца, кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува. Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита
Родените во декември се среќни луѓе
Луѓето родени во месец декември, поголем дел, се под влијание на хороскопскиот знак на Стрелец, а оние пак кои се родени по 21 декември се под влијание на знакот Јарец. Истражувањата покажуваат дека луѓето родени во последниот месец од годината имаат голема харизма, забавни се во друштвото и имаат голем круг на пријатели.
Придобивките на ароматерапијата
Аромотерапијата е начин на лекување кој се применува за зачувување на здравјето и за превенција и лекување на болестите со помош на нежни движења при масирање со етерични масла. Есенцијалните етерични масла се биолошки активни соединенија, кои лесно испаруваат и се добиваат со дестилација на билки и растенија со помош на водена пареа.